БАБИЌ, Анто (с. Граховац, кај Травник, 3. Ⅰ 1899 – Сараево, 12. Ⅰ 1974) – историчар, редовен член на АНУБИХ и член на МАНУ надвор од работниот состав (од 4. Ⅴ 1972). Завршил Филозофски факултет во Загреб (1923), а потоа бил гимназиски професор во Сараево. Како учесник во НОБ, бил член на Претседателството на ЗАВНОБИХ и член на АВНОЈ. По Ослободувањето бил министер за просвета во првата Влада на НРБИХ и потпретседател на Президиумот на Народното собрание на НРБИХ, редовен професор (1950-1970) и прв декан на Филозофскиот факултет во Сараево, редовен член од основањето на Научното друштво на БиХ и на АНУБИХ и прв претседател на Друштвото на историчарите на БиХ. Негова научна специјалност била историјата на средновековна Босна. БИБ.: Историја народа ФНРЈ – средњи вијек, Сарајево, 1946; Босански херетици, Сарајево, 1963; Из историје средњовјековне Босне, Сарајево, 1973. С. Мл. Бошко Бабиќ