БАБА

БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м), е одвоена од планината Бабен (1.220 м), додека на исток преку плитко седло продолжува во повисоката Бушева Планина (1.780 м). Зафаќа мала површина од 35 км. Во геолошкиот состав доминираат палеозојски масивни мермери со дебелина до 1.000 м, кои овозможиле нивна експлоатација и интензивна карстификација. На јужното подножје се наоѓаат две селски населби, Цер и Црско. Т. Анд. Васил Бабамов