АЈСХИН

АЈСХИН (Атина, 389 пр.н.е. – Самос, 314 пр.н.е) – политичар, главен протагонист на Македонската партија во Атина. Политичката дејност ја започнува по освојувањето на Олинт (349) од Филип Ⅱ, кога во Советот и во Собранието го поддржува предлогот за отпор против Филип Ⅱ, но набрзо преминува на страната на плутократите, кои сакаат мир со Филип Ⅱ. Како атински пратеник учествува во повеќе мировни договори со Филип Ⅱ; двапати патува со атински пратеници во Пела кај кралот Филип Ⅱ. По победата на Филип кај Хајронеја (338) учествува во мировниот договор помеѓу Хелените и Филип. По говорот „Против Ктесифон” (330), Собранието на Атина го обвинува и го казнува со протерување од градот; оди во Ефес, а по смртта на Александар се сели на Родос; умира во прогонство на Самос. ЛИТ.: Аецхинес, Тхе Спеецхес оф Аесцхинес, Лоеб Цласс. Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1958; Ана шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атинските ретори, Скопје, 2003. А. шук.