АТАСОЗУ (Атасљѕü) – пословица, што денеска се именува „Атасљѕü” или „аталар сöзü” („говор на предците”). Според најстариот речник на турскиот јазик и историјата на турската култура „Диванü Лугат-ит Тüрк”, турскиот термин за пословица е сав, а во литературата се среќаваат термините месел и дарбимесел. Денешните текстови се современи варијанти од најстарите записи. Така, на пр., пословицата „Курт курти ѕемез” (Волкот волк не јаде) често се среќава меѓу турското население во Македонија, чија варијанта од XI в. гласи: „Бори кошмисýн ѕемез”, а во ⅩⅤ в. таа се јавува како „Курт кошмисýн инцитмез”. Како резултат на меѓународните контакти, за најголемиот број пословици сосема е неможно да се одредат патиштата на нивното прифаќање и татковината на нивното настанување. При споредувањето на некои денешни турски пословици од Македонија со нивни варијанти во старите записи, се забележуваат јазични промени, а во други некои зборови се заменети со други. ЛИТ.: Љмер Асим Аксоѕ, Атасљзлери ве деѕимлери сљзлüçü, Атасљзлери сљзлüçü, Тüрк Дили Куруму Ѕаѕýнларý, Анкара, 1971; Севим Пиличкова, Прилог кон проучувањето на народните пословици кај Турците од Македонија, Скопје, 1987; Пословиците како микроструктура на анегдотите, „Научен собир за фолклорот на Ресен и Ресенско”, 1992, Отешево, „Македонски фолклор” 48, ЏЏИВ, Скопје, 1991, 335-342; Боне Величковски, Цомпарисон бетњеен тхе Туркисх анд Мацедониан Медицал Провербс: Хеалтх ин тхе хандс оф ординарѕ пеопле, Процеедингс оф тхе тх 38 Интернатионал Цонгресс он тхе Хисторѕ оф Медицине, Туркисх Хисторицал Социетѕ, в. Ⅲ, Анкара, 2005, 1863-1870. С. Пил.