АТАНАСОСКИ, Пеце

АТАНАСОСКИ, Пеце (Долнени, Прилепско, 25. Ⅹ 1925 – Скопје, 14. IX. 1996) – играорец и инструменталист, најпознат македонски гајдаџија и еден од најпродуктивните собирачи на македонски народни песни и ора. Бил професионално ангажиран во Радио Скопје (1946) и во Државниот ансамбл за народни песни и игри Пеце Атанасоски „Танец” во Скопје (1950). Од 1959 г. до пензионирањето бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет КУД во РМ. Од 1966 г. полни 29 години ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос. Носител е на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија), Брно и во други градови. Во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, го освоил првото место и наградата „Златна гајда” на фестивалот во Ериче, Италија (1968). Како светски признат народен инструменталист, држел часови на разни универзитети во светот, од Лос Анџелес до Токио. Има собрано импозантна фолклорна збирка од околу 20.000 народни песни и ора. Почина како директор на Долненскиот фестивал, чиј основач беше (1973), а кој сега е именуван како Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски” – с. Долнени, Прилеп (в). ЛИТ.: Атанас Чупоски, Пеце Атанасовски: Целосно $ припаѓам на македонската изворна музика, „Дневник”, И, 63, Скопје, 4. Ⅵ 1996, 12; Ц. С., Прошев, Николовски, Атанасовски, Ин мемориам, „Студентски збор”, ЏЛВИИ, 1243, Скопје, 16. Ⅹ 1996, 23. С. Мл.