АТАНАСОВ, Сотир Јанакиев

АТАНАСОВ, Сотир Јанакиев (с. Клисура, Горноџумајско, 30. Ⅲ 1876 – с. Дражинци, Белоградишко, 7. IX 1940) – Штипски војвода, полковник во Бугарската армија. Завршил воено училиште во Софија (1900). Бил кочански, кратовски и Штипски војвода (1902– 1903) и учесник во Илинденското востание. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна (во XI македонска дивизија) во Бугарската армија. ЛИТ.: „Ил•страци® ИлинденÏ”, кн. 5, Софи®, 1935-1936; С. Тасев, Село Клисура, Благоевград, 1972. Ал. Тр.