АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА

АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА. Почетоците се врзуваат за Археолошкото одделение во Музејот на Јужна Србија (1924), со лапидариум во Куршумли Ан. Во времето на фашистичката окупација на Македонија, тој е во состав на реорганизираниот Народен музеј (1942), кој при бомбардирањето на Скопје бил разурнат. По Ослободувањето продолжува како Одделение во новоформираниот Народен музеј на Македонија, отворен на 1 мај 1946 г. Подоцна, со реорганизацијата (1949) се трансформира во Археолошки музеј на Македонија. До 1952 г. работи во истата Поставка во Археолошкиот музеј, Скопје зграда со Етнографскиот музеј, а во 1953 г се вселува во некогашната касарна на тврдината Кале, која земјотресот (1963) ја урива. До 1976 г. Музејот продолжува да работи во дел од ќелиите на реконструираниот Куршумли Ан и во барака изградена во неговиот двор. Во 1977 г. заедно со Етнолошкиот и Историскиот музеј се вселува во денешната музејска зграда и се здружуваат во една организација – СОЗТ Музеи на Македонија. До 1984 г. АМ, заедно со својата средновековна збирка, реализирал повеќе археолошки истражувања (во Демир Капија, Стоби, Исар-Марвинци), прибирал податоци за археолошката топографија на Македонија и др. Приредил изложби посветени на средновековното ѕидно сликарство и иконографија, а со копии на фрески учествувал во изложбата за Средновековната уметност приредена во Париз (1950). Го издавал својот „Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија“ (11 броеви). Во 1982 г. ја уредува постојаната археолошка поставка „Македонија од праисторијата до доаѓањето на Словените“. Со последната реорганизација на СОЗТ во Музеј на Македонија (1984), Археолошкиот музеј ја губи својата самостојност и одново се враќа на статусот до 1949 г. – како Археолошко одделение. ЛИТ.: –орÚе Миљковић, Музејска делатност у Македонији, Скопље, 2001. В. С.