АРТИЛЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВ И ПОМ

АРТИЛЕРИСКИ БРИГАДИ НА НОВ И ПОМ (10. Ⅹ 1944 – 18. Ⅱ 1945) – првин била формирана артилериска бригада на 50-тата (македонска) дивизија на НОВЈ, составена од четири батерии, со 350 борци (с. Лаки, на Плачковица, 10. Ⅹ 1944), потоа на 51-та (македонска) дивизија на НОВЈ (широк Дол, Струмичко, 19. Ⅹ 1944), на Кумановската дивизија, соста-Артилерци на ⅩⅤ корпус на ЈНА на обука за Сремскиот фронт вена од три батерии, со 9 топови и 154 борци (крајот на окт. 1944), на 49-та (македонска) дивизија на НОВЈ, со две хаубици, осум противтенковски топови и 742 борци (Битола, 15. XI 1944) и на 42-та и 48-та (македонска) дивизија на НОВЈ, со по 4 дивизиони (Скопје, 18. Ⅱ 1945). В. Ст.