АПОСТОЛОВ-ПОПЕТО, Михаил

АПОСТОЛОВ-ПОПЕТО, Михаил (с. Дикања, Перничко, Бугарија, 1871 – с. Гавалјанци, Кукушко, 21. Ⅲ 1902) – национален деец, еден од организаторите на четите и војвода на чета на ТМОРО. Неговите родители биле македонски бегалци од с. Бистрица, Горноџумајско (ден. Благоевградско). Завршил гимназија во Софија, а потоа отслужил воена обврска во Бугарската армија во Софија. Како член на ТМОРО и комита, зел учество во оружените акции во Источна Македонија (1895). Бил близок соработник на Гоце Делчев и негов придружник во обиколката на Пиринско (1899). При пленувањето на Назлам-бег пројавил особена снаодливост. Со својата чета 7 години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др. Откако добил налог од ЦК на ТМОРО да замине за Петричко, патем бил убиен од потера на османлиската војска. ЛИТ.: И. К„ршовски, Михаил Апостолов Попето „Черкез Михал”, Сб. тур. зверства, Но 6, Софи®, 1902/1903, 19-21; Б. Лазаров, Войводата Михал Попето. Принос к„м биографи®та му. (По спомени на Стојан Манолов Куршумлиев). „Родина”, Но 6-7, Софи®, 1930, 6-7; Михаил Апостолов „Попето”, „Македонски вести”, бр. 7, Софи®, 9. Ⅲ 1935, 1; Г. Серафимов, Войводата над войводите (90 години од убиството на М. Апостолов-Попето), „Пиринско дело”, Но 73, Благоевград, 17. Ⅳ 1992. С. Мл.