АПОСТОЛОВ, Константин Тодоров

АПОСТОЛОВ, Константин Тодоров (Кочани, 17. Ⅳ 1933 – Лондон, 16. Ⅷ 2008) – микробиолог, вирусолог, академик. Мед. ф. завршил во Скопје (1957). Во Бирмингем (Англија) се усовршувал во дијагностичката вирусологија (1959–1960). Во Скопје полагал специјалистички испит по микробиологија и работел на Медицинскиот факултет до 1963 г. Ја основал Вирусолошката лабораторија при РЗЗЗ. По 1963 г. својата кариера ја продолжува во Англија, првин во Регионалната вирусна лабораторија во болницата Бирмингхам, каде што и специјализирал електронска микроскопија. Потоа работи во Њеллцоме Ресеарцх Лабораториес на антивирусни дроги и морфологија на вируси, а потоа (до своето пензионирање) како Сениор Лецтурер и Цонсултант во Хаммерсмитх Хоспитал, во Роѕал Постградуате Медицал Сцхоол во Лондон. Избран е и назначен за редовен професор по микробиологија со паразитологија на Мед. ф. во Скопје (1983). За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 21. Ⅳ 1994 г. Основач и претседател на Македонско-англиското друштво за пријателство во Лондон и член на Управниот одбор за доделување англиски стипендии за наши постдипломци. Има публикувано преку 70 научни трудови во странски списанија. БИБ.: Морфологија на миковируси и нивната интеракција со цитоплазматични мембрани со специјална референца на Сендаи вирус (ПхД тхесис, Университѕ оф Лондон), Лондон, 1974; Изолација на Цоронавирус од биопсија на бубрег на пациенти од ендемска балканска нефропатија, „Непхрон”, 1999. ИЗВ.: Билтен од Единаесетто изборно собрание на МАНУ, Скопје, март 1994, 45–53. М. Пол.