АПЕЛАЦИОНИ СУДОВИ ВО Република Македонија -. судови од второстепена надлежност во државата. За прв пат се воведуваат во судскиот систем на Република Македонија со Законот за судовите од 1995 г. Се основаат за подрачјето на повеќе основни судови. Постојат три апелациони судови со седиште во Скопје, Штип и Битола. Во трите апелациони судови има вкупно 89 судии, од кои 49 во Скопје, 25 во Битола и 15 во Штип. Со Законот за судовите од 2006 г. се воведува нов апелационен суд во Гостивар. ИЗВ.: Закон за судови (1995 и 2006 г.), Скопје, 2006. Гор. Л.-Б.