АНТИ

АНТИ – група словенски племиња, главни предци на источните Словени. Името не е словенско. Од почетокот на Ⅵ в., сами или заедно со Словените, започнале да напаѓаат на Византија. Во Ⅵ в. меѓу Антите и Словените немало поголеми разлики. Изворите ги опишуваат заедно и им припишуваат заеднички јазик, верувања и обичаи. Околу 560 г. биле потчинети од Аварите. Потоа, склучиле сојуз со Византија. Последен пат во изворите се споменуваат во 602 г., кога Аварите испратиле војска против нив. ЛИТ.: Б. А. Рибаков, Анти и Киевская РусÝ, „Вестник древней истории”, 1, Москва, 1939; П.Н. ТретÝяков, Восточнославянские племена, Москва, 1953. К. Аџ.