АНДРЕЕВ, Никола

АНДРЕЕВ, Никола (с. Мокрени, Костурско, 1889 – кај с. Мокрени, април 1911) – костурски реонски војвода на ТМОРО/ВМОРО и учител. Завршил шести клас во Битолската класична гимназија, а потоа Воено училиште во Софија. Како војвода на чета, зел учество во Илинденското востание (1903) и посебно се истакнал при ослободувањето на Невеска и Клисура. По востанието дејствувал со чета во Костурско и Леринско (1903-1907). По Младотурската револуција бил учител во родното село, а потоа пак оформил чета (1911) и загинал во борба со османлиската војска. С. Мл. Трајче Андреев-Петкановски