АНДРЕЕВСКИ, Благое Димитров (Скопје, 22. Ⅰ 1927) –машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Загреб (1954). Потоа работел во Фабриката за чоколади и кекси „Јосип Краш” во Загреб (1954–1955); во Југопроект во Скопје (1955–1962); во органско-хемиската индустрија „ОХИС” – Скопје (1961–1969); на Машинскиот факултет во Скопје (1969–1988). Во 1962 е избран за хонорарен доцент, од 1969 е во редовен работен однос, а потоа редовен професор (1978– 1988). Докторирал во 1978. Бил декан на Електро-машинскиот факултет во Скопје (1973–1975). Под негово менторство магистрирале и докторирале повеќе кандидати. Автор е на основниот учебник по термодинамика. Научна и стручна област: термоенергетика и термотехника (енергетски постројки, ладилна техника, геотермална и сончева енергија и др.). Автор е на голем број научноистражувачки студии, идејни и главни проекти во областа на термоенеретиката и термотехниката. Доделено му е звање експерт на УНИДО од Сојузниот завод за меѓународна соработка – Бел-град. Сл. А.