АНДОНОСКИ, Александар Василев (Прилеп, 31. Ⅰ 1937) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа одгледување на шумите и за предметите дендрологија и шумарска генетика. Дипломирал на шумарскиот факултет во Скопје (1959). Специјализирал шумарска генетика на Високата национална школа за води и шуми во Нанси, Франција (1963–1964). Докторирал 1969 г. Бил декан на шумарскиот факултет (1988–1990). Публикувал повеќе од 60 труда во домашни и во странски списанија, два средношколски и еден универзитетски учебник; раководел или учествувал во бројни домашни и меѓународни проекти. Открил и опишал нов вид грмушка на Галичица (Цотонеастер мариана Анд. А. ет Анд. В., 1994). Извршувал повеќе одговорни, општествени, стручни и научни функции. Ал. Анд.