АНГЕЛОВ, Трајче (Велес, 9. Ⅷ 1945) – астрофизичар, ред. проф. (1996) по Ѕвездена астрономија и Структура и еволуција на ѕвездите на Мат. фак. во Белград. Завршил астрофизика на ПМФ во Белград (1969). Таму магистрирал (1972) и докторирал (1981) со теми за ѕвездите во стадиум на водородни реакции, односно со Теоријата за ѕвездените обвивки. Ја истражува структурата на ѕвездите, стабилноста на нивната атмосфера и структурата на галаксиите. Го подготвил учебникот „Галактичка ѕвездена астрономија“. Бил управник на Институтот за астрономија на ПМФ во Белград (1992-96). Тој е член на Комисијата за структурата и еволуцијата на ѕвездите на Меѓународната астрономска унија и на Редакцијата на „Буллетин астрономиљуе де Белграде“. В. Ур.