АНГЕЛОВСКИ, Тодор Петрев (Тошо Даскалот) (псевд. Строгов) (с. Лавци, Битолско, 16. Ⅶ Тодор Ангеловски (Тошо Даскалот) 1908 – с. Лавци, 12. Ⅵ 1943) – учител, комунистички деец, еден од организаторите и раководителите на НОД во Битолско. Како член на КПЈ (1937), бил член на МК на КПЈ за Битола (1939). Како резервен поручник на Кралството Југославија, со својата единица оружено се противставил на германската армија кај монополот во Битола. Од почетокот на 1942 г. бил во илегалство, а потоа борец на НОПО „Пелистер”, командант на НОПО „Јане Сандански”, на НОПО „Гоце Делчев”, на НОПО „Даме Груев” и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ (мај 1943). Се самоубил при блокада на родното село од бугарската полиција. ЛИТ.: Илија Јанкуловски, Светлиот лик на учителот Тодор Ангеловски-Даскалот, „Просветно дело”, Ⅶ, 4-5, Скопје, 1951, 72-77; Аце Ристевски, Тодор Ангеловски-Строгов, Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982, 454-456; Панде Ташковски, Учителот и револуционер Тодор Ангеловски – Тошо Даскалот-Строгов, „Развиток”, ЏЏИИ, 8-9, Битола, 1984, 505-537; Јован Димков Кочанковски, Тодор Петрев Ангеловски-Строгов, Битола, 1987. С. Мл.