АЛТБАУЕР, Моше

АЛТБАУЕР, Моше (Алтбауер, Мосхе) (Пшемишл, Полска, 12. XI 1904 – Тел Авив, Израел, 14. Ⅹ 1998) – лингвист, специјалист за староцрковнословенски, Евреин, роден и школуван во Полска, но АЛУСИЈАН (XI в.) – македонски благородник, внук на Самуиловиот брат Арон и син на царот Јован Владислав. По ликвидирањето на Самуиловото Царство бил одведен во Византија да го управува како стратег Теодосипол. Доаѓа во Македонија во времето на востанието на Петар Делјан (1040/ 41), којшто му ја доверува командата над 40.000 војници за да го заземе градот Солун. Неуспехот доведува до измена на текот на востанието, а наскоро и до раздор во востаничките редови. На една гозба Алусијан успева да го ослепи и да го предаде Делјана на Византијците, по што бил произведен во магистер. ИЗВ. иЛИТ.: В. Н. Златрарски, Моливдевул Самоила Алусияна, „Известия на българския археоложки институт“, София, 1921; Византиски извори за историју народа Југославије, Ⅲ, Београд, 1966; Бранко Панов, Средновековна Македонија, Ⅲ, Скопје, 1983; Милан Бошковски, Македонија во XI и Ⅻ век (надворешни упади на територијата на Македонија), Скопје, 1997. Б. Р.-Ј.