АЛЕКСАНДРОВ, Тодор

АЛЕКСАНДРОВ, Тодор (Ново Село, Штипско, 4. Ⅲ 1881 – с. Сугарево, Мелничко, Пиринскиот дел на Македонија, 31. Ⅷ 1924) – еден од водачите на ВМРО. Завршил Педагошко училиште во Скопје (1898), кога и се вклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Се-ло и Штип, секретар на четата на Штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон ГеоргиевКочански (1907), окружен војвода Тодор Александров на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во штабот на Ⅲ македонска бригада во Балканските војни и во штабот на партизанската чета на Ⅲ бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Протогеров и П. Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на Земјоделската влада на А. Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили во единствен македонски револуционерен фронт (1924), но (пред убиството) јавно се откажал од својот потпис. ИЗВ. иЛИТ.: Централен държавен архив, Софија, фонд 396–Македонска вътрешна револÓционна организация, оп. 2, а. е. 2, л. 24–25; Дечо Добринов, Последният цар на планините. Биографичен очерк за Тодор Александров 1881–1924, София, 1992; Тодор Александров, Живот легенда. Съставител Цочо В. Билярски, София, 1991; Тодор Александров. Сћ за Македонија. Документи 1919–1924. Избор, предговор и редакција Проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2005. З. Тод. Томи Александровски