АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија (1912 –). Овој дел на Македонија станал округ на Царството Бугарија (окт. 1912 – 20. Ⅱ 1920), именуван како Струмички округ, со административен центар градот Струмица. Административно бил поделен на околии, со околиски центри: Горна Џумаја (Благоевград), Мехомија (Разлог), Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев) и Мелник. Со одлука на Версајската мировна конференција Струмица со дел од нејзината дотогашна околија $ била одземена на Бугарија и била доделена на Кралството на Србите, Хрватите и Словен-ците. Округот бил преименуван во Петрички округ (Ⅱ 1920 – 1934) со тивен систем. Од крајот на IX до окружен центар градот Петрич, Административно-територијалната поделба на окрузи ⅩⅠⅠⅠ в., познати се следниве теми: во Вардарскиот дел на Македонија (1918-1922) потоа бил укинат (1934–1943) и Горноџумајската, Петричката и Светиврачката околија биле присоединети на Софиската, а Неврокопската и Разлошката околија на Пловдиската област. По Втората светска војна неколку пати биле правени административно-територијални промени. Пиринскиот дел на Македонија претставувал Горноџумајски округ (1950–1987), потоа бил укинат и присоединет на Софиската област. ЛИТ.: Десанка Тодоровиќ, Окупацијата на Струмица 1919 година, „Гласник”, Ⅹ/1, Скопје, 1966; Енциклопедия България, 1, БАН, София, 1978. В. Јот.