АВТОНОМИА

АВТОНОМИŒ (Софија, 10. Ⅴ 1898 – 23. Ⅹ 1899 и 7. Ⅻ 1901 – 30. Ⅲ 1902) – македонски весник. Во поднасловот првин се декларирал како орган на политичките интереси на христијанското население во Турција (бр. 1-5), потоа како независен орган на македонските интереси (бр. 6-19), како орган на политичките интереси на македонското население во Турција (бр. 20-24) и пак како првиот поднаслов. Првиот број бил печатен во печатницата на Иван П. Даскалов, а подоцна сменил уште осум печатници. Одговорен уредник првин бил Д. Г. Чохаџиев, а потоа Ст. Иванов, А. С. Василев, Иван Стојменов, Иван Недев, Тодор Арсов и А. К. Чакаров. Излегувал секоја сабота. Објавени се вкупно 54 броја. Објавувал написи од политички карактер и дописи од сите краишта на Македонија за положбата на населението. Во продолженија е објавена и поемата на Рајко Жинзифов „Крвава кошула”. Содржи и написи на француски јазик. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 179-181; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993. С. Мл.