АВТОМАТИЗАЦИЈА И МЕХАНИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО Република Македонија

АВТОМАТИЗАЦИЈА И МЕХАНИЗАЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА ВО Република Македонија – интегрален дел на дрвноиндустриските технологии. Со нив човековиот труд се заменува со работа на високопроизводни машини, уреди и системи за контрола и управување. Како резултат на таа замена се овозможува самостојно течење на производните операции и процеси (без или со делумно учество на човекот). Дрвната индустрија има свои специфичности кои имаат влијание врз типот на техничките средства за автоматизација и механизација. Специфични карактеристики има и кај различните видови на дрвноиндустриските производства, кои исто така имаат влијание при изборот на типот на техничките средства и на типот на системите со кои се реализира автоматизацијата во конкретните производствени операции и процеси. Во дрвноиндустриските претпријатија во Република Македонија постојат полуавтоматизирани, автоматизирани и механизирани технолошки процеси. Автоматизацијата и механизацијата се присутни подеднакво во производствените капацитети од примарното и финалното производство. Б. Ил.