АВРАМОВ, Никола Јаковчев

АВРАМОВ, Никола Јаковчев (с. Слатина, Охридско, 1880 – Русе, 1939) – охридски селски војвода, учесник во Илинденското востание. Со своја чета (од с. Слатина) учествувал во нападот на османлискиот гарнизон во селото Сирула, Охридско (борбите на Сирулски Рид од 20. Ⅶ 1903 г.). Во текот на Балканските војни учествувал во IX велешка доброволечка (ополченска) чета во составот на Бугарската армија. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф. 1, оп. 1, а.е. 4, л. 8; „ИлÓстраци® ИлинденÝ”, 3–4, Софи®, 1936. Ал. Тр.