АБРАШЕВИЌ РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО

АБРАШЕВИЌ – РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО (1927– 1940) – првото основачко собрание го одржува на 15. Ⅰ 1928 г., иако идејата за нејзино формирање во Куманово потекнува од 1927 година. Според документацијата, во почеткот постоеле само две секции: Мешан хор и Мал оркестар. Политичката клима во Куманово често го попречувала континуитетот во работата на Абрашевиќ”. За најзначаен период се смета времето кога диригент на хорот станал првоборецот Панче Пешев (1935-1936). Во Монополот во Куманово, по иницијатива на П. Пешев, биле собрани материјални средства од работниците за купување на музи£ките инструменти за Монополскиот оркестар. Освен на излетите за Пр-ви мај, хорот приредувал концерти во градот со богат репертоар од едногласни и двогласни револуционерни и масовни песни. Ј. Т.