АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев

АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев (Дине Дирманчов) (с. Пателе, Леринско, втора половина на ⅩⅠⅩ в. – с. П’теле, 2. Ⅵ 1902) – комита на ТМОРО и народен јунак. Како член на ТМОРО од 1896 г., бил во илегалство, а од 1901 г. комита во четата на војводата Марко Лерински (Г. И. Георгиев). При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Во безизлезната положба, првин ги убил своите најблиски, а потоа самоубиствено со сабја се втурнал кон насочените пушки и бајонети. Опеан е во неколку народни песни. ЛИТ.: Македонски возрожденци и револуционери, Албум, Скопје, 1950, 73; Трпко Бицевски, Македонски народни песни од Воденско, Скопје, 1989, 186; Марко Китевски, Македонски борбени народни песни. Антологија по повод 60 години од АСНОМ, Скопје, 2004, 197-198 и 315. С. Мл.