АБДИ, Фаик

АБДИ, Фаик (Скопје, 2. Ⅲ 1937) – стопанственик и политички деец. Завршил средно образование, а потоа работел како советник во секторот за економика и план во Фабриката за хартија „Комуна” во Скопје. Бил одборник во Собранието на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ (1969–1974) и наРепублика Македонија(1990–1994). Повеќе години бил претседател на КУД „Пралипе” во Скопје и на Партијата за целосна еманципација на Ромите во Македонија (ПЦЕРМ). С. Мл.