АБАЈОВ, Ахарон

АБАЈОВ, Ахарон (ⅩⅤⅠ в.) – рабин во Скопје. Во 70-тите години од ⅩⅤⅠ в. служел во синагогата „Бет Јаков”. При донесувањето решенија во рабинскиот суд активно соработувал со прочуениот солунски рабин шмуел де Медина. Во 1596 г., во Солун ја објавил книгата „шемен ха-мор”. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990; Еврейски извори за обçествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠ век, И, София, 1958. Ј. Нам