ФАБРИКА ЗА КАБЛИ НЕГОТИНО АД

ФАБРИКА ЗА КАБЛИ „НЕГОТИНО“ АД – производствено претпријатие лоцирано во близина на Неготино, на простор од 25.000 м². Основана е во 1968 г. Асортиманот на производите е богат и опфаќа: спроводници и јажиња од бакар и од алуминиум, флексибилни спроводници, инсталациски спроводници (за енергетски и неенергетски електрични инсталации), енергетски кабли до 35 кВ, самоносиви кабелски… Continue reading ФАБРИКА ЗА КАБЛИ НЕГОТИНО АД

ФАЗАН

ФАЗАН (Пхасианус цолцхицус) – голема птица, која добро трча и лета на кратки растојанија. Населува биотопи со растресита и влажна почва, во која има црви, инсекти и други без’рбетници со кои се храни. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ФАЗАН

ФАИК БЕЈ

ФАИК БЕЈ (Фаик Беѕ) (Битола, 1825 – Истанбул, 1898) – турски дивански поет. Бил службеник, кајмакам и мутессариф (гувернер на санџак). Како кадија службувал во Сиверек, Ерегли и Солун. Поетските творби му се собрани во неговиот Диван, а рубаите (четворостишја, катрени) во Пејмане. ЛИТ.: Бурсал› Мехмет Тахир Ефенди, Османл› Муеллифлери 1299–1915, šстанбул, 1972. А. Аго… Continue reading ФАИК БЕЈ

ФАКОМ АД

„ФАКОМ“ АД – производствено претпријатие формирано во 1960 г. во склоп на „РЖ – Скопје“ – Скопје, а од 1982 г. работи како самостојно претпријатие. Се состои од 2 единици: ФАКОМ Инженеринг и ФАКОМ Монтажа. ФАКОМ Инженеринг е организиран во три сектора: комерција, реализација и набавки и располага со над 25.000 м² производни хали. Во… Continue reading ФАКОМ АД

ФАКТИ

ФАКТИ“ – независен дневен информативно-политички весник на албански јазик. Првиот број излегол во Скопје на 10 април 1998 г. Сопственик, издавач, директор и главен и одговорен уредник е Емин Аземи. Редакцијата во Скопје подготвува две изданија – за Република Македонијаи за околните региони Дневниот весник на (се печати во албански јазик „ФактиСкопје) и за… Continue reading ФАКТИ

ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ – високошколска институција што ја започна својата дејност во учебната 1991/92 г. како насока на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје Земјоделскиот факултет од Скопје. Универзитетскиот совет на 14. Ⅸ 1993 г. донесе одлука за организирање посебен В. ф., а Министерството за образование и физичка култура на 24. Ⅳ 1994… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТСКОПЈЕ (ФМУ) – единствена високообразовна, уметничка и научна институција од областа на музиката во РМ, на која се образуваат кадри неопходни во сите алки на националната музичка култура и образование, Факултетот за музичка уметност, Скопје со што институцијата е од стратешки национален интерес. Основана е под името Висока музичка школа… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВООХРИД. Основан е со посебен закон (1977) како Факултет за туризам и угостителство, а подоцна е трансформиран во Факултет за туризам и организациони науки. Негов претходник е Вишата туристичка школа во Охрид, основана во 1970 г. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира додипломски и постдипломски студии од… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ – високошколска институција основана со закон (1977). Матичната комисија од седум члена со претседател проф. д-р Ванчо Ковачев, го донесла Наставниот план, распишала конкурс и примила 86 редовни и 18 вонредни студенти на студии во прва година. Потоа објавила конкурс и избрала наста-Спортската сала на Факултетот за физичка култура… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАНЕЛА

ФАНЕЛА – волнена плетена поткошула со кратки ракави, делумно орнаментирана. Се носела под кошулата. Ј. Р.-П.

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – институција формирана во 1992 г. по иницијатива на Македонското фармацевтско друштво. Прв претседател бил Д. Туџаров (1992–1996). Основната задача е да ја заштитува и да ја унапредува стручноста на дипломираните фармацевти и етичките должности и права, да го подобрува квалитетот на здравствената заштита, да ги заштити интересите на професијата и… Continue reading ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје – научно-наставна институција, основана во 1977 г., како резултат на анализите за постојан дефицит на фармацевтски кадри во Македонија. Иницијативата потекнала од Фармацевтско–козметичката индустрија „Алкалоид“, Градските аптеки, Фармацевтското друштво на СРМ, УЦМН, Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Извршниот со-вет на СРМ, со формирање Иницијативен одбор во состав Б. Никодиевиќ, А. Симов и… Continue reading ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје

ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА – релативно добро е истражена, како според квалитетот на проучувањата, така и според опфатеноста на поодделни таксономски групи. Според последните анализи за богатството Пеперутка (Парнассиус аполо) на биолошката разновидност на земјите во рамките на европскиот континент, нашата земја е рангирана во самиот врв на листата на земји, кои претставуваат значајни центри на… Continue reading ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАША

ФАША“ – албанска фашистичка организација (1941–1944), формирана од Италијанците за поддршка на воспоставувањето на окупаторската власт во окупираниот дел на Македонија. Учествувала во откривањето и ликвидирањето на лица и групи во единиците на Македонската војска. Во 1943 г. се присоединила кон Балистичката организација за заедничко дејствување. Се расформирала во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски,… Continue reading ФАША

ФЕЛДСПАТ

ФЕЛДСПАТ – општ поим за групата силикатни минерали што се нарекуваат фелдспати. По хемискиот состав тоа се силикати на калиумот, натриумот и калциумот и претставуваат изоморфни смеши. Врз основа на хемискиот состав се поделени на две групи: алкални фелдспати (санидит, ортоклас и микроклин) и плагиокласи. Фелдспатите кристализираат мониклинично и триклинично. Влегуваат во составот на магматските… Continue reading ФЕЛДСПАТ

ФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕНИ ИНДУСТРИ“ – КАВАДАРЦИ – металуршки комбинат за производство на фероникел, составен од топилницата во близина на Кавадарци и рудникот за никел „’Ржаново“ на 40 км оддалеченост. Проектирана е во 1970тите, градена е и работи од 1980 г., првобитно како „ФЕНИ“ – Кавадарци, со два прекина во работењето. Со приватизирањето (2001) производството е стабилизирано и… Continue reading ФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕРАТИ-РУСИ, Игбале Османова

ФЕРАТИ-РУСИ, Игбале Османова (Дебар, 1932 – Тетово, 26. И 1975) – спец. гинеколог. Мед. ф. завршила во Скопје. Специјалист по гинекологија и акушерство и прва жена Албанка гинеколог во РМ. Работела во Тетово и има исклучителен придонес во здравственото просветување кај жените од албанска националност и популаризација на Црвениот крст. Д. С.-Б.

ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕРОЛЕГУРИ – легури на железото и на некој друг метал во кои железото е застапено со повеќе од 50%. Во Република Македонијасе произведуваат феросилициум, ферохром и др. во „Силмак“ (поранешен ХЕК „Југохром“) во Јегуновце; фероникел во „Фени-индустриес“ (поранешен „ФЕНИ“, т.е. „ФЕНИ-Мак“) во Кавадарци; фероманган и феросилициум во „Скопски легури“ (поранешна Топилница на Рудници и железарница… Continue reading ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕС

ФЕС – дел од машката народна носија во периодот на турското владеење. Мажите најчесто носеле црвен фес, околу кој се обмотувала долга бела крпа, во вид на чалма. Крпата била изработена од подебело платно и се носела навртена и преврзана, над ушите, околу фесот, за да се гледа неговиот горен дел или пак се носела… Continue reading ФЕС

ФЕСАЦ аранжман

ФЕСАЦ аранжман (Финанциал анд Ентерприсе Струцтурал Адјустмент Цредит), и двата наменети за реструктурирање на реалниот и финансискиот сектор. Во април 1997 г. ММФ $ одобрува на Македонија т.н. ЕСАФ аранжман (Енханцед Струцтурал Адјустмент Фацилитѕ), а во мај 1997 г., со Светската банка е склучен т.н. САЛ аранжман (Струцтурал Адјустмент Лоан), наменет за финансирање на структурните… Continue reading ФЕСАЦ аранжман