ИГНАТИЈ Ⅲ – охридски архиепископ (13. Ⅷ 1693 – 9. Ⅶ 1695 и повторно ок. август 1703). Првин бил белградски (бератски) митрополит. Испратил писмо до цариградскиот патријарх против претензиите на патријаршиските митрополити (август 1703). Подоцна се спомнува како веќе бивш архиепископ (1706). Од материјален интерес, со поткуп, ги сменил дебарскиот и пелагонискиот архиереј, поради што… Continue reading ИГНАТИЈ Ⅲ охридски архиепископ
Tag: И
ИГНАТИЈ И охридски архиепископ
ИГНАТИЈ И – охридски архиепископ (21. Ⅵ 1658 – пролетта 1659 и јуни 1659 – 20. Ⅻ 1662). Неговото архиепископување е документарно потврдено во документ од 2. Ⅲ 1660 г. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на… Continue reading ИГНАТИЈ И охридски архиепископ
ИГНОВСКИ-СЕКУЛА, Павле
ИГНОВСКИ-СЕКУЛА, Павле (Крајници, Велешко, 2. XI 1921 – Скопје, 18. Ⅻ 2002) – учесник во работничкото и комунистичкото движење и во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941. Во текот на 1942 и 1943 бил борец на партизанските одреди „Пере Тошев”, „Димитар Влахов”, „Добри Даскалов”, на баталјонот „Страшо Пинџур” и на Вториот баталјон на Третата ОЗ,… Continue reading ИГНОВСКИ-СЕКУЛА, Павле
ИГЊАТОВСКИ, Александар Јосифович
ИГЊАТОВСКИ, Александар Јосифович (Смоленска област, Русија, 18. Ⅲ 1875 – Скопје, 18. Ⅶ 1955) – интернист, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основач и прв директор на Клиниката и шеф на Катедрата за интерна медицина. Долгогодишен професор по Интерна медицина на Мед. ф. во Белград. Во Скопје доаѓа, по покана, во 1948 г. Во… Continue reading ИГЊАТОВСКИ, Александар Јосифович
ИГУМЕНОВ, Спасе
ИГУМЕНОВ, Спасе (Прилеп, 50тите години на ⅩⅠⅩ в. – Охрид, околу почетокот на ⅩⅩ в.) – свештеник и преродбеник. Со неговиот избор за претседател на Прилепската црковно-училишна општина (2. Ⅳ 1884) било елиминирано егзархиското влијание. Бил иницијатор за потпишување на петиција од 26 прилепски првенци, во име на 1.200 прилепски семејства, за отфрлање на Бугарската… Continue reading ИГУМЕНОВ, Спасе
ИДРИЗИ, Риза
ИДРИЗИ, Риза (с. Мерово, Тетовско, 11. Ⅷ 1928) – учесник во НОАВМ (1944) и член на КПМ (од 1946). Завршил виша управна школа. Бил секретар на Околискиот комитет на Народната младина во Тетово, управник на ХЕЦ „Маврово”, шеф на одделение во Фабриката „Тетекс” во Тетово, шеф на месна канцеларија и правник во филијалата на „Жито… Continue reading ИДРИЗИ, Риза
ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ -. право на граѓанинот да избира и да биде избиран на одредена функција. Како политичка цел првпат е предвидено во Програмата на Македонско-одринската револуционерна организација (1908). Како правна норма првпат е вградено во Законот за Уставотворното собрание на НРМ (1945). Во наведениот акт е предвидено дека Уставотворното собрание на НРМ го… Continue reading ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
ИЗВ и ЛИТ
ИЗВ и ЛИТ.: Царнеги Репорт оф тхе Интернатионал Цоммиссион то Инљуире инто тхе Цаусес анд Цондуцт оф тхе Балкан Њарс, Њасхингтон, Д.Ц., 1914; Владимир А. Тсанофф, Рапорт анд Леттерс оф Америцан Миссионариес: Реферринг то тхе дистрибутион оф натионалитиес ин тхе формер провинцес оф Еуропеан Туркеѕ, 1858-1918, Софиа, 1919; Македонија како природна и економска целина, ИНИ,… Continue reading ИЗВ и ЛИТ
ИЗВОР
ИЗВОР – рудник на талк, кој се наоѓа околу 25 км јужно од Велес, во атарот на с. Извор. Оруднувањето се јавува по должината на главната тектонска руптура во тесен издолжен појас од околу 3–4 км, широк околу 150 м на контактот Вардарска зона и Пелагонискиот хорст антиклинориум. Оруднувањето се јавува на повеќе места, има… Continue reading ИЗВОР
ИЗВРШЕН СОВЕТ НА НРМ/ СРМ
ИЗВРШЕН СОВЕТ НА НРМ/ СРМ .- извршен орган на државната власт во периодот од 1953 до 1991 година. Во периодот 1953-1963 се формирани три состави на Извршниот совет на НРМ (два во 1953 и еден во 1958 г.). Првиот Извршен совет на НРМ е формиран на 3. Ⅱ 1953 г., во состав: Лазар Колишевски, претседател;… Continue reading ИЗВРШЕН СОВЕТ НА НРМ/ СРМ
ИЗВРШЕН СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА в
ИЗВРШЕН СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА в.: Влада на ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ. „Изгрев”, неделен весник
ИЗИИС
ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје) – научна установа, членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Формиран во 1965 г., веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје, игра значајна улога во едукацијата на кадар за асеизмичко граде-ње, проценка и намалување на сеизмичкиот ризик, помош на повеќе земји во намалување на последиците од земјотреси,… Continue reading ИЗИИС
ИЗИИС
ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје) ње на техничката регулатива и донесување нови стандарди, лабораториски и теренски динамички испитувања, сеизмичко набљудување и прогноза на ризикот. Главната организациона структура ја сочинуваат групите за истражување, развој и консалтинг, комплексот лаборатории, центрите за меѓународна соработка, богатата библиотека и услужниот дел. Особено е значајна научноедукативната дејност… Continue reading ИЗИИС
ИЗИИС
ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје) – научна установа, членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Формиран во 1965 г., веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје, игра значајна улога во едукацијата на кадар за асеизмичко граде-ње, проценка и намалување на сеизмичкиот ризик, помош на повеќе земји во намалување на последиците од земјотреси,… Continue reading ИЗИИС
ИЗИИС
ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје) ње на техничката регулатива и донесување нови стандарди, лабораториски и теренски динамички испитувања, сеизмичко набљудување и прогноза на ризикот. Главната организациона структура ја сочинуваат групите за истражување, развој и консалтинг, комплексот лаборатории, центрите за меѓународна соработка, богатата библиотека и услужниот дел. Особено е значајна научноедукативната дејност… Continue reading ИЗИИС
ИЗМИРЛИЕВ, Тома Димитров
ИЗМИРЛИЕВ, Тома Димитров (псевд.: Фома Фомич, ЛÓбичек, Гарабед Бедниј, Голголенко, Драка, Звонарчик, Момче Македонче, Борис Подрумов и др.) (Кукуш, 9. IX 1895 – Софија, 22. XI 1935) – поет и писател-хуморист, постар брат на Христо Смирненски. Татко му бил соработник на Гоце Делчев и член на МК на ТМОРО во Кукуш. Основно училиште завршил во… Continue reading ИЗМИРЛИЕВ, Тома Димитров
ИЗМИРЛИЕВА-ПАНИЦА, Екатерина
ИЗМИРЛИЕВА-ПАНИЦА, Екатерина (Кукуш, 1882 – Софија, 1967) – просветен работник, сопруга на револуционерот Тодор Паница. Ја завршила Солунската женска егзархиска гимназија, а потоа била учителка во с. Просечен (Драмско), во Солун и во с. Горно Броди (Серско). Подоцна емигрирала во Бугарија и била учителка во гр. Месемврија (ден. Несебр) и во други места. Била соработник… Continue reading ИЗМИРЛИЕВА-ПАНИЦА, Екатерина
ИЗРАЕЛСКИ МЕДАЛИ И ПОВЕЛБИ
ИЗРАЕЛСКИ МЕДАЛИ И ПОВЕЛБИ – израелски признанија за спасувањето Евреи во Втората светска војна. Добитници од Македонија: д-р Тодор и Лола Хаџимиткови, Александар и Блага Тодорови, Зора Пичулин, Борис и Васка Алтипармакови (сите од Скопје) и Богоја Силјановски (од Битола). ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990; Ѓорѓи… Continue reading ИЗРАЕЛСКИ МЕДАЛИ И ПОВЕЛБИ
ИЗРЕКА
ИЗРЕКА -. краток жанр на усното народно творештво. За разлика од поговорките/пословиците, не го заокружуваат мисловниот процес во заклучок и не претендираат на општа валидност, туку параболички асоцираат на некој вистинит настан. Тие не ја апсолутизираат изјавата, туку поцврсто се врзани за контекстот и повеќе зависат од него. Се состојат од синтагматски целини, кои само… Continue reading ИЗРЕКА
ИКОНОГРАФИЈА
ИКОНОГРАФИЈА -. христијански иконопис според однапред утврдени теолошки правила што има значајно место во македонската духовна и културна традиција до денес. Иконографијата се темели и врз специфични теориско-филозофски идеи поврзани со почитувањето на иконите во православната христијанска традиција. В. Г.-П. Васил Икономов (портрет од Емил шулајковски)
ИКОНОМОВ-ОРФО, Димитар Иванов
ИКОНОМОВ-ОРФО, Димитар Иванов (с. Ловча, Драмско, 17. Ⅰ 1873 – Неврокоп, 5. Ⅷ 1922) – учител и неврокопски реонски војвода на ТМОРО. Ја завршил прогимназијата во Неврокоп, а потоа го оформил учителското образование во Серското и Скопското педагошко училиште, каде што станал член на ТМОРО. Како учител во Пиринско, бил близок соработник на Јане Сандански.… Continue reading ИКОНОМОВ-ОРФО, Димитар Иванов
ИКОНОМОВ, Васил Апостолов
ИКОНОМОВ, Васил Апостолов (Лазарополе, Дебарско, 6. Ⅴ 1848 – Лазарополе, 4. Ⅵ 1934) – народен учител, собирач и издавач на македонски народни песни и обичаи од Дебарско, печатар, публицист и културно-национален деец. Рано останат сирак, основното образование го добива во селото на народен јазик, а го продолжува во грчка семинарија (или богословско-учителска школа на Атон).… Continue reading ИКОНОМОВ, Васил Апостолов
ИКОНОМОВ, Георги Теохаров
ИКОНОМОВ, Георги Теохаров (Скопје, 16. Ⅰ 1911 – Скопје, 26. Ⅳ 1995) – фармацевт. Дипломирал фармација во Загреб, работел во Кичево и во Скопје. Член на Здравствениот одбор при Фармацевтскиот актив во Скопје, кој од 1941 г., прогресивно ориентиран, се залага за сопствен систем за организација на аптекарската служба, како и за набавка на санитетески… Continue reading ИКОНОМОВ, Георги Теохаров
ИКОНОМОВ, Јордан
ИКОНОМОВ, Јордан (Крива Паланка, 1896 – Скопје, 29. IX 1956) – град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1949 г.) по предмети од областа на комуналната хидротехника, хидрологијата и мелиорациите. Завршил Технички факултет во Виена. Напишал скрипти за предметите хидрологија и за Канализација. Љ. Т. Петар Икономов