ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ – првата книга на современиот македонски литературен јазик и правопис и првата научно поставена, теоретски образложена и фактографски аргументирана историја на современиот писмен јазик и на македонската национално-политичка мисла. К. П. Мисирков книгата ја составил главно од своите предавања во МНЛД во С.-Петербург, а во декември 1903 г. ја објавил во Софија.… Continue reading ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ

ЗАБАВИШТА

ЗАБАВИШТА -. вид предучилишни установи за деца од 5 и 6 години. Постојат во рамките на детските градинки и при основните училишта. Први вакви форми на предучилишно воспитание во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Меѓу двете светски војни, за време на Активности во забавиште Кралството Југославија, работеле во состав на основните… Continue reading ЗАБАВИШТА

ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев

ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев (Прилеп, 7. Ⅰ 1925) – првоборец, народен херој, безбедносен и спортски функционер. Татко му бил руски емигрант (донски козак), а мајката Македонка. Завршил трговско училиште, станал член на СКОЈ (1941) и фудбалер на ФК „Гоце Делчев” во Прилеп. По нападот на Прилеп (11. Ⅹ 1941) бил уапсен. Во НОАВМ бил пушкомитралезец… Continue reading ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев

ЗАБАРСКО УЧИЛИШТЕ

ЗАБАРСКО УЧИЛИШТЕ -. оформено со указ на Министерството за просвета на Република Македонијаод 1947 г. во Скопје како прво самостојно државно средно стручно училиште за забари-дентисти. На ова училиште се запишувале ученици до 1966 г. и за тој период дипломирале повеќе од 560 забари-дентисти. Е. М. Медицинскиот училиштен центар „Панче Караѓозов” во Скопје

ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје

ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје. Во 1953 г. е отворен Отсек за забни техничари, кој од 1972/73 се интегрира во Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје. Тука забните техничари, покрај општообразовните предмети, изучуваат стручни предмети и практицираат и изучуват изработка на вештачки фиксни и мобилни конструкции (коронки, мостови, шини, надградби, делумни и тотални протези), како… Continue reading ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје

ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје

ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје – институција основана во 1952 г. со задача да ги решава проблемите на водостопанските дејности во РМ. Извршил голем број истражувања и изработил енормен број студии и проекти од областа на водостопанството и заштитата од ерозија. Поседува сопствена библиотека на проекти и студии и хидролошки податоци почнувајќи од 1924,… Continue reading ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје

ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА

ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА. Во Институтот за спорт (1955–1957) е отворена првата Амбуланта за спортска медицина, а во основаниот Републички завод за физичка култура (1957) е формирано Одделение за спортска медицина со амбуланта. Во хонорарен работен однос во него работел д-р Никола Христов. Одделението е присоединето кон Здравствениот дом Скопје и е пренесено во просториите… Continue reading ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА

ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ – специјализирана установа за уредување и користење на шумите. Како посебна установа Заводот е формиран 1952 г., а до-тогаш неговата дејност ја изведуваше Одделението за уредување на шумите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Придонесот на Заводот за македонското шумарство беше голем. Освен првата инвентаризацијата на шумите, подготовката на… Continue reading ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА -. специјализирани здравствени установи што ги следат, ги истражуваат и ги проучуваат здравствената состојба на населението, причините за појавата и за ширењето на заразните и други болести од социјално-медицин-Заводот за здравствена заштита на град Скопје ско значење, влијанието на разни фактори (вклучително и еколошките) врз здравјето на луѓето, предлагаат и преземаат… Continue reading ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ЗАВОЕВ, Петар

ЗАВОЕВ, Петар (Штип, 1880 – Софија, 1965) – раскажувач, публицист и новинар. Откако ја завршува гимназијата во Солун заминува во Пловдив, каде што се вработува како новинар. Во оваа јавна дејност поначесто го користи псевдонимот Прохор Пчински. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата атрактивна книга Писма од Македонија. Во текот на… Continue reading ЗАВОЕВ, Петар

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА (20. Ⅲ – 15. Ⅴ 1945). Завршните операции траеле од почетокот на Сремскиот фронт, до капитулацијата на ГАЕ. Во тоа време НОВЈ се состоела од четири армии, ВВ и ВМ во бројна состојба од околу 800.000 лица. Во борбите во состав на Првата армија на НОВЈ учествувал ⅩⅤ (македонски)… Continue reading ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА (1944). По конституирањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), македонската војска ги интензивирала завршните дејства за ослободување на неослободената територија. Борбените операции ги планирал, ги подготвувал и ги раководел Гш на НОВ и ПОМ како извршен орган на Президиумот на АСНОМ. По капитулацијата на… Continue reading ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА

ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА – резултат на антропогената активност, претежно во урбаните центри и во индустриски региони каде што се трошат огромни количини на цврсти, течни и гасни енергенти за производство на електрична и топлотна енергија, за транспорт и за производство на метали и хемиски и синтетички производи. На таков начин човекот создава свој процес на… Continue reading ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА

ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ

ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ – сите непрочистени води (индустриски или комунални отпадни води) што се испуштаат во реципиентите (реките и езерата) ги загадуваат водите. Индустриските отпадни води претежно носат разни токсични материи, тешки метали, а комуналните отпадни води големи количини органски материи што содржат високи количини биогени елементи. Затоа комуналните води ја зголемуваат продуктивноста на слатките… Continue reading ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ

ЗАГРЕПСКИ ТРИОД

ЗАГРЕПСКИ ТРИОД -. кирилски ракопис од македонска редакција. Се чува во Архивот на ХАЗУ во Загреб под сигн.: Ⅳ д 107. Содржи посен и цветен дел. Има 196 пергаментни листа (19х26,7) испишани со уставно писмо во постар облик. Напишан е во ⅩⅠⅠⅠ в., според јазичните особености, во Западна Македонија. Се спомнуваат имињата на Кирил Филозоф… Continue reading ЗАГРЕПСКИ ТРИОД

ЗАГРОЗЕНИ или ЗАСЕГНАТИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ

ЗАГРОЗЕНИ или ЗАСЕГНАТИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ – во зависност од бројноста и од статусот на нивните популации во природниот ареал на распространување, вклучени се во една од категориите на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН): критично загрозени, загрозени или ранливи. Причините за исчезнувањето на видовите, како и за намалувањето на нивните популации се поврзани со… Continue reading ЗАГРОЗЕНИ или ЗАСЕГНАТИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ

ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ

ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ. Според категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН), загрозените видови (Ендангеред) претставуваат категорија што се наоѓа под одредена закана, односно се соочуваат со висок ризик за исчезнување во природата и ги исполнуваат ИУЦН критериумите за Црвена листа. Покрај оваа категорија, според ИУЦН се разликуваат засегнати видови, видови исчезнати од природата,… Continue reading ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ

ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ТМОРО

ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ТМОРО (Софија, 1896-1908) – претставништво отворено со решение на Конгресот на Македонската револуционерна организација во Солун (1896), со функција на претставништво за надворешни односи на Централниот комитет. Потребата од такво претставништво уште во првите години од дејствувањето на Оганизацијата се наметнала од повеќе причини: за обезбедување материјални средства (револуционерна литература и оружје)… Continue reading ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ТМОРО

ЗАДНА РЕКА ГРМАЈТЕ

ЗАДНА РЕКА – ГРМАЈТЕ. (Витолиште, Мариово) – населба со некропола од доцноантичкиот и некропола од средновековниот период. Според монетите и другите наоди, населбата егзистирала од Ⅱ до почетокот наⅤв. со најголем подем во Ⅳ в. Врз неа во средниот век се формирала некропола на редови, од која се истражени 47 гробни целини. Погребувањето е вршено… Continue reading ЗАДНА РЕКА ГРМАЈТЕ

ЗАДРУГАРСТВОТО ВО НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАДРУГАРСТВОТО ВО НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1945–1955). Со изградбата на новите социјалистички општествени односи по завршувањето на војната во текот на 1945 г., императивно се наметнало прашањето за социјалистичка преобразба на селото. По примерот на неаграрните стопански сектори и посебно на индустријата, преобразбата подразбирала поопштествување на земјишната сопственост. Ситните индивидуални стопанства требало да се обединат во… Continue reading ЗАДРУГАРСТВОТО ВО НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАДРУГИ И ЗДРУЖЕНИЈА

ЗАДРУГИ И ЗДРУЖЕНИЈА – најстар облик на здружување на производителите. Првите се појавиле од средината на ⅩⅠⅩ в. во Англија. Постојат различни облици на задруги: општи, специјализирани, кредитни, за обработка на земја и др. Во нашата земја задружната сопственост од Ослободувањето па сè до донесувањето на Уредбата за имотните односи и за реорганизација на селските… Continue reading ЗАДРУГИ И ЗДРУЖЕНИЈА

ЗАЕМНИ УЧИЛИШТА

ЗАЕМНИ УЧИЛИШТА -. основни училишта, карактеристични по начинот на изведувањето на наставата. Во Македонија биле најраспространети во периодот од 30-тите до 70-тите години на ⅩⅠⅩ в. Нивната работа била организирана според Бел-Ланкастерскиот систем, за што е карактеристичен процесот на заемно поучување, односно постарите ученици, под водство на учителот, ги подучуваат помладите ученици. Ваква организација на… Continue reading ЗАЕМНИ УЧИЛИШТА

ЗАИФИ

ЗАИФИ (Кратово, ⅩⅤ/ⅩⅤⅠ в.) – османлиски поет родум од Кратово. Добил солидно образование и пишувал поезија на персиски јазик. Станал познат по коментарот што го напишал за делото „Ѓулистан” на прочуениот поет Сади. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век). Редактор д-р Александар Стојановски,… Continue reading ЗАИФИ