ЖАБЕВ, Вангел

ЖАБЕВ, Вангел (Љалево, Пиринскиот дел на Македонија, 1939) – параолимписки пливач и тренер. На осумгодишна возраст, од заостанат експлозивен материјал од Втората светска војна, останал инвалид без двата подлакота. Освоил два олимписки медала на Параолимписките игри во Арнхем (1980). Живее во Велес и е активист на Сојузот за спорт и рекреација на хендикепираните лица. С.… Continue reading ЖАБЕВ, Вангел

ЖАБИ, ЗЕЛЕНИ

ЖАБИ, ЗЕЛЕНИ – група од вистинските жаби (Ранидае), кои се поврзани со водената средина во тек на целиот живот, поради што се нарекуваат и водни жа-би. Во Македонија живеат два вида зелени жа-би: езерска жаба (Рана ридибунда) и балканска езерска жаба (Рана балцаница). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс… Continue reading ЖАБИ, ЗЕЛЕНИ

ЖАБИ, КАФЕАВИ

ЖАБИ, КАФЕАВИ – група од фамилијата на вистински жаби (Ранидае), кај кои основната боја на грбот никогаш не е зелена, а преку барабановата ципа (под окото), поминува широка темна слепоочна дамка. Македонија ја населува-Кафеава жаба ат три вида од овие жаби: треварка или планинска жаба (Рана темпорариа), горска или шумска жаба (Рана далматина) и поточна… Continue reading ЖАБИ, КАФЕАВИ

ЖАБИ, КРАСТАВИ

ЖАБИ, КРАСТАВИ (Буфонидае) – космополитска фамилија жаби, распространета низ целиот свет, со исклучок на поголемиот дел од австралискиот регион. Кај Крастава жаба нас се регистриЖ рани два вида: голема крастава жаба (Буфо буфо) и зелена крастава жаба (Буфо виридис). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе,… Continue reading ЖАБИ, КРАСТАВИ

ЖАБИ, ОГНЕНИ или мукачи

ЖАБИ, ОГНЕНИ или мукачи (Дисцоглоссидае) – примитивна фамилија мали, главно, водни жаби, на кои стомачната страна им е обоена со интензивна боја (црвена, портокалова или жолта). Во Огнена жаба Македонија е присутен само еден вид – жолт мукач (Бомбина вариегата). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд… Continue reading ЖАБИ, ОГНЕНИ или мукачи

ЖАБРОНОГИ РАКОВИ

ЖАБРОНОГИ РАКОВИ – в. Ракови, жаброноги ЖАБРОНОСНИ ЖИВОТНИ (Бранцхиата) – водни членконоги организми. Дишат со помош на кожни жабри. Поседуваат два пара антени и најчесто имаат двогранести екстремитети. Овој пот-тип во Македонија е претставен со единствената класа ракови (Црустацеа). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на Без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К – М. Кр.

ЖАЛФИЈА, ЈУРИШИЌЕВА

ЖАЛФИЈА, ЈУРИШИЌЕВА (Салвиа јурисиции Косанин) – ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Ламиацеае (устоцветни растенија), познат за централните делови – Овче Поле и Богословец. Се развива по засолени почви, на палеогени и неогени Јуришиќева жалфија лапори. Се нао(Салвиа јурисиции Косанин) ѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед… Continue reading ЖАЛФИЈА, ЈУРИШИЌЕВА

ЖАНТЕВА-НАУМОСКА, Магдалена Апостолова

ЖАНТЕВА-НАУМОСКА, Магдалена Апостолова (Скопје 15. Ⅶ 1947) – интернист-кардиолог, редовен проф. на Мед. ф. (2002). Магдалена Жантева-Наумовска Дипломирала медицина во Скопје (1972), специјализирала по интерна медицина (1980), докторирала во 1990 г. – субспецијалист по кардиологија (2000). Учествувала во изведувањето на првите катетеризации во хемодинамската лабораторија на Клиниката за кардиологија. Раководи со Одделот за вродени и… Continue reading ЖАНТЕВА-НАУМОСКА, Магдалена Апостолова

ЖЕГЛИГОВО

ЖЕГЛИГОВО – област во северниот дел на Република Македонија. Тоа е старо име за Кумановската Котлина. Се наоѓа во сливот на р. Пчиња помеѓу планините Козјак на исток и Скопска Црна Гора на запад. На југоисток кон Овче Поле и на југозапад кон Скопската Котлина, областа е отворена, а таков е случајот и кон север.… Continue reading ЖЕГЛИГОВО

ЖЕДЕН

ЖЕДЕН – средновисока планина што се протега помеѓу Скопската Котлина на исток и Полошката Котлина на запад. На север и североисток е одделена со лак на реката Вардар од ограноците на шар Планина и Скопска Црна Гора; од југоисток со Бојанско и Копаничко Поле – делови на Скоп-Патот кон Јегуновце на планината Жеден ската Котлина,… Continue reading ЖЕДЕН

ЖЕЛЕВО , ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО БРАТСТВО

„ЖЕЛЕВО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО БРАТСТВО (Торонто, Канада, 1907) – друштво на Македонците по потекло од селото Желево (Леринско). Се-гашното спомагателно братство „Желево“ било основано на 1. Ⅹ 1921. Дејноста на друштвото се одвива во Желевскиот дом (од 1948). Сл. Н.-К. Димитар Железаров ЖЕЛЕЗАРОВ, Димитар Христов (Велес, 1900 – Скопје, 6. Ⅷ 1979) – професор на Ст.… Continue reading ЖЕЛЕВО , ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО БРАТСТВО

ЖЕЛЕЗНЕЦ

ЖЕЛЕЗНЕЦ (Сидерокастрон) – средновековно утврдување во Демирхисарската област (која по него го добила и своето име) на околу 40 км западно од Прилеп. Се наоѓал на локалитетот Градиште, на десниот брег на Црна Река, над денешната истоимена населба. На локалитетот и денес се гледаат остатоци од ѕидини и од керамика. Возот Солун-Скопје (1873)

ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – значаен сегмент во развојот на стопанството во Македонија, но и со политичко значење. Првата ж. линија во Македонија е СолунВелесСкопје кон Белград. Почнала да се гради со странски капитал во 1871, а до Скопје била завршена во 1873 г. Во 1888 била поврзана со српските железници на граничниот премин Забевче кај… Continue reading ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – последната (протоисториска) етапа од праисторискиот развој на Македонија. Временски ја покрива, главно, првата половина од Ⅰ милениум пр.н.е. Се дели на: рано железно време (крај на XI / почеток на Ⅹ до Ⅷ в.), средно или полно железно време (Ⅷ– Ⅵ в.) и доцно железно време или доцноархајски период (крај… Continue reading ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛИНО

ЖЕЛИНО – село во Тетовско. Се наоѓа во северното подножје на планината Сува Гора, од десната страна на р. Вардар, на надморска висина од околу 500 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4 кој го поврзува на запад со Тетово, а на исток со Скопје. Тоа е населено со Албанци, чиј број изнесува 4.110 ж.… Continue reading ЖЕЛИНО

ЖЕЛКИ

ЖЕЛКИ (Цхелониа; Тестудинес) – ред од класата влекачи (Рептилиа) што се одликуваат со збиено (робусно) тело и со силен рожнат оклоп, составен од два штита (грбен–царапаџ и стома£ен–пластрон). Во нашата земја се среќаваат четири видови желки, од кои два сувоземни (рид-ска желка – Тестудо херманнии и пол-Сувоземна желка ска желка – Тестудо граеца) и два… Continue reading ЖЕЛКИ

ЖЕНАТА ВО НОАВМ

ЖЕНАТА ВО НОАВМ (1941 – 1944) – учество на жените од сите слоеви на македонското општество како активни учесници и соработници во антифашистичката и националноослободителната борба. За првите партизански одреди во 1941 г. и во годините потоа жените масовно работеле на обезбедување облека и храна, илегални засолништа, извршувале курирска и известителна служба и сл. Меѓу… Continue reading ЖЕНАТА ВО НОАВМ

ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА

ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА -. училишни установи за одвоено воспитание и образование на женските деца. Долго време образованието на женските деца било запоставено и се одвивало одвоено од образованието на машките, како последица на сфаќањето за подредената улогата на жената во општеството и во семејството и на моралот. Првите женски училишта во Македонија се отворени околу средината… Continue reading ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА

ЖЕРАВИ

ЖЕРАВИ (Груидае) – фамилија големи птици, кои покажуваат сличност со штрковите, а £есто се мешаат и со £апјите. Кај нас е регистриран еден вид, сив жерав (Грус грус), само во период на миграција како прелетен вид. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерЖерав (Грус грус) ватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге,… Continue reading ЖЕРАВИ

ЖЕРАВНЕНСКИ ТРИОД

ЖЕРАВНЕНСКИ ТРИОД -. македонски ракопис од втората половина на ⅩⅠⅠⅠ век. Зачувани се 34 пергаментни листа. Фрагменти од истиот триод се чуваат во 5 библиотеки. Сите пет фрагменти се напишани од иста рака и имаат исто кодиколошко оформување. Името на ракописот е по с. Жеравна, каде што го нашол П. А. Сирку. В. Д.

ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов

ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов (Скопје, 21. Ⅵ 1928 – Скопје, 29. Ⅵ 2007) – хирург-трауматолог. По завршувањето на основното училиште и гимназијата (Скопје, 1948, со прекини поради учество во НОБ), завршил Мед. ф. во Белград (1951-1956). Работел и специјализирал хирургија (Хируршка клиника, Белград, 1956-1962). Од 1962 работи во Скопје; бил шеф на Одделот за трауматологија на… Continue reading ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов

ЖЕРНОВСКИ, Дамјан

ЖЕРНОВСКИ, Дамјан (Скопје, 12. XI 1934) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989 г.) по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата, прв претседател на македонското Здружение за проектен менаџмент. Работел на научноистажувачки проекти и ги објавил книгите: „Техника на мрежно планирање во градежништвото” (1982) и „Проектен менаџмент”… Continue reading ЖЕРНОВСКИ, Дамјан

ЖЕРНОВСКИ, Кирил

ЖЕРНОВСКИ, Кирил (Дебар, 21. Ⅹ 1897 – Скопје, 28. Ⅻ 1972) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1961 до Кирил Жерновски пензионирањето во 1967 г.) по предметите Фундирање, Геомеханика и Организација на градежните работи, еден од основачите на Техничкиот факултет во Скопје. Студирал во Софија, во Грац и во Загреб, каде… Continue reading ЖЕРНОВСКИ, Кирил