ГЛИГОРОВСКИ, Петар

ГЛИГОРОВСКИ, Петар (Скопје, 7. Ⅱ 1938 – Скопје, 4. Ⅻ 1995) – сликар, режисер на анимирани филмови. Дипломира на Академијата за ликовни уметности во Белград, а анимација специјализира во Загреб. Еден од водечките претставници на македонската современа анимација. Автор е на првиот македонски анимиран филм „Ембрио Но. М” (1971). В. Масл.

ГЛИНЕНА ИНДУСТРИЈА

ГЛИНЕНА ИНДУСТРИЈА – застапена стопанска дејност во РМ. Производство на: тули, блокови, керамиди, монтажни блокови и ферт-греди, ѕидни и патосни плочи, санитарна керамика, садови за домаќинството, бентонит и др. Глините се една од најзастапените состојки на почвите и одамна користен природен материјал. Поголеми погони на глинената индустрија има во: Скопје, Куманово, Виница, Велес, Гостивар, Ресен,… Continue reading ГЛИНЕНА ИНДУСТРИЈА

ГЛИШИќ, Живоин

ГЛИШИќ, Живоин (Скопје, 27. Ⅶ 1954) – композитор. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1977) на Одделот по композиција, во класата на проф. Т. Зографски. По дипломирањето станува член на Танцовиот оркестар на Радио-телевизија Скопје. Денес е редовен професор на Факултетот за музичка уметност. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови (Концерт… Continue reading ГЛИШИќ, Живоин

ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И РМ

ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И Република Македонија-. противречен процес, кој содржи економска, политичка, правна, културна, еколошка и воена димензија. Таа има и светол и темен лик, од една страна ги шири технологијата, информациите и универзалните културни вредности, а од друга го поларизира светот на Север и Југ, т.е. на богати и сиромашни земји, со тенденција богатите да стануваат… Continue reading ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И РМ

ГЛОБОЧИЦА

ГЛОБОЧИЦА – вештачко езеро на реката Црн Дрим. Се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга, а изградено е во 1965 г. Браната е изградена од насипан камен, нејзината височина од тефониски оркестар и др.). Добит-Браната на вештачкото езеро Глобочица мелот е 90 м, а од речното корито 82,5 м. Таа во основата е… Continue reading ГЛОБОЧИЦА

ГЛОГ

ГЛОГ .(Цратаегус Л., фам. Росацеае) – родот опфаќа околу 1.500 вида од умерената зона на Северната хемисфера. Бодливи грмушки, ретко мали дрва, со цветови собрани во густи, штитовидни соцветија. Плодот (глогинка) е со една или со повеќе коскички. Декоративни видови, а листовите и цветовите на некои од нив се многу ценета фармацевтска суровина. Глоговите кај… Continue reading ГЛОГ

ГЛОДАРИ

ГЛОДАРИ (Родентиа) – најприспособен и најуспешен ред од класата цицачи (Маммалиа) со 1.700 вида распространети низ целиот свет, со исклучок на Антарктикот, Нов Зеланд и некои тихоокеански острови. Повеќето видови живеат на земја, но некои се приспособиле за движење со долги скокови, други за живот под земја, во вода или на дрвја. Поголемиот број глодариContinue reading ГЛОДАРИ

ГЛУВОНЕМО ОРО

ГЛУВОНЕМО ОРО -. македонско женско народно оро, зачувано во регионот на Мала Река. Се игра во полукруг, со држење на рацете за појас. Уникатно е по отсуството на каква било музичка придружба, а ритмизирањето во метар од 4/4 произлегува по чекорењето од тропањето на украсните пари што се наоѓаат на градите од женската носија. Ѓ.… Continue reading ГЛУВОНЕМО ОРО

ГЛУВЦИ ВИСТИНСКИ

ГЛУВЦИ ВИСТИНСКИ (Муринае) – потфамилија од редот глодари (Родентиа), со должина на телото од 6 цм (џуџесто глув£е) до 30 цм (стаорец-скитник). Заеднички белези им се: шилеста муцка, долги уши, кои стр£ат над крзнената покривка и опашка која е подолга од половина должина на телото. Во Европа живеат пет рода со вкупно 14 вида, а… Continue reading ГЛУВЦИ ВИСТИНСКИ

ГОВРЛЕВО

ГОВРЛЕВО -. село на 15 км југозападно од Скопје со повеќеслојна неолитска населба кај месноста Церје. Археолошки истражувања во 1982-1985 и 2000-2004 г. вршел Музејот на град Скопје. Во напластените културни слоеви, во дебелина од 4 м и на површинска опфатеност од над 4 хектари се содржат шест хоризонти на живеење низ кои се следат… Continue reading ГОВРЛЕВО

ГОГОВ, Ставре

ГОГОВ, Ставре (с. Вевчани, Струшко, 1884 – с. Вевчани, 10. Ⅳ 1907) – дулгерин, учесник во Илинденското востание, струшки војвода. Бил четник во четата на војводата Т. Горанов (1901). Во Илинденското востание се борел во четата на војводата Л. Групчев. Од летото 1904 г. станал самостоен војвода. Предаден и заобиколен од аскерот, откако му завршила… Continue reading ГОГОВ, Ставре

ГОГУШЕВ, Јанко Костов

ГОГУШЕВ, Јанко Костов (Стру-мица, 23. Х 1948) – онколог, генетичар, научен соработник во Институтот за експериментална медицина при Универзитетот „Рене Декарт” во Париз. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1972). Потоа заминал во Париз, каде што магистрирал, докторирал и специјализирал клиничка онкологија. Научник со призната меѓународна афирмација и врвни достигнувања во областа на генетиката и… Continue reading ГОГУШЕВ, Јанко Костов

ГОГУШЕВСКИ, Милан

ГОГУШЕВСКИ, Милан (Стру-мица, 21. Ⅰ 1924 – Скопје, 29. Ⅲ 2003) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа и предметот уредување на шумите. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1951), на кој и.г. е избран за асистент, подоцна докторира (1960) и станува доцент, а од 1970 г. е редовен професор. Плоден… Continue reading ГОГУШЕВСКИ, Милан

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА АРХИТЕКТОНСКО-ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА АРХИТЕКТОНСКО-ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ” – како посебно издание се појавува по издвојувањето од Техничкиот факултет, како книга осма во 1968 г. и продолжува до 1976 г. со кн. 9 и кн. 10-11 како продолжение на „Годишниот зборник на Техничкиот факултет”. По осамостојувањето на Архитектонскиот факултет продолжува како „Зборник на Архитектонскиот факултет” со нова нумерација.… Continue reading ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА АРХИТЕКТОНСКО-ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕзборник на научни и стручни трудови. Излегува од 1955 г. како „Годишен зборник на Техничкиот факултет” и „Годишен зборник на Архитектонскоградежниот факултет” (1965–75), а потоа со сегашниот наслов (1975–1989). Повторно се појавил во 2002 и 2004 г. Љ. Т.

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ -. научно издание на Мед. ф. во Скопје. Првиот број е публикуван во 1954 г., а главен и одговорен уредник бил проф. Вељко Бујан. Трудовите, едукативни и научно-стручни, биле печатени на македонски, француски, англиски и германски јазик и на јазиците на поранешна СФРЈ. Подоцна се печати на македонскиContinue reading ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ПРИРОДНОМАТЕМАТИЧКИОТ ОДДЕЛ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ПРИРОДНОМАТЕМАТИЧКИОТ ОДДЕЛ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ (1948− 1958) – научно списание за математика, физика, хемија, биологија и географија, по еден број годишно. Во 12-те броја се објавени 117 статии, од кои 40 по математика, 17 по физика, 9 по хемија, 18 по биологија, 25 по географија, 5 по геологија и 3… Continue reading ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ПРИРОДНОМАТЕМАТИЧКИОТ ОДДЕЛ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ -. прво научно списание на Филозофскиот факултет Јубилеен број од „Годишниот зборник“ на Филозофскиот факултет во Скопје, кое од 1948 г. редовно излегува еднаш годишно. Во него се објавуваат научни и стручни трудови на наставниците и соработниците на Факултетот. До одделувањето на Природно-математичкиот факултет (1958) Зборникот излегува во… Continue reading ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ – научно списание, кое до 27-миот том (1976) излегуваше како заеднички годишен зборник на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, со две книги (за земјоделство и за шумарство), а од 28-миот том (1977) како посебен годишен зборник на шумарскиот факултет во Скопје. Досега се издадени 37 тома со околу 330… Continue reading ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ” ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК ФИЗИКА”

„ГОДИШЕН ЗБОРНИК – ФИЗИКА” („Аннуаире – пхѕсиљуе”) научно списание, еден од наследниците на „Годишен зборник”, Природноматематички факултет, издание на Факултетот за физика, односно Институтот за физика на ПМФ. Од 1977 заклучно со 1997 г. се објавени 18 броја со вкупно 2.020 страници и 205 статии. Статиите се главно пишувани на македонски или на англиски јазик.… Continue reading ГОДИШЕН ЗБОРНИК ФИЗИКА”

ГОДИШНИ ГЛАСИЛА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

ГОДИШНИ ГЛАСИЛА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА – годишници како информативни гласила. Во нив се објавуваат трудови од областа на економската теорија, економската и деловната политика, стопанската практика и од други области на економијата. ќе спомнеме некои од нив: „Статистички годишник на Република Македонија”, што го издава Државниот завод за статистика, почнувајќи од 1954 г., а… Continue reading ГОДИШНИ ГЛАСИЛА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

ГОЛ ЧОВЕК

ГОЛ ЧОВЕК . (Арбутус андрацхне Л., фам. Ерицацеае) – зимзелен вид од источниот Медитеран, во Република Македонијазастапен само на два локалитета (во сливовите на Коњска и на Црна Река). Грмушка или мало дрво со кожести, темнозелени, овални листови. Кората се лупи во вид на крупни лушпи (голо дрво), а новата е мазна, бакарноцрвена. Цветовите се… Continue reading ГОЛ ЧОВЕК

ГОЛАБОВСКИ, Сотир

ГОЛАБОВСКИ, Сотир (Струга, 30. Ⅹ 1937) – композитор и музиколог. На Музичката академија во Љубљана дипломира композиција во класата на Л. М. шкерјанц, кај кого ги завршува и постдипломските студии. Специјализира во Германија, каде ги посетува курсевите за современа музика во Дармштат. По враќањето во Скопје, работи како музички соработник во Радио Скопје, а потоа… Continue reading ГОЛАБОВСКИ, Сотир