ГАБЕР

ГАБЕР . (Царпинус Л. и Острѕа Сцоп., фам. Бетулацеае) – под ова име се опфатени двата цитирани рода. Во првиот припаѓаат околу 50 листопадни вида, распространети во Северната хемисфера, кои имаат мазна кора, усучено стебло, тешко дрво, еднодомни со еднополни цветови собрани во реси и кои се појавуваат напролет со пролистувањето. Плодот е оревче, сместено… Continue reading ГАБЕР

ГАБЕР, Виктор

ГАБЕР, Виктор (Скопје, 8. Ⅻ 1948) – дипломат од кариера и публицист. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира (1973) и магистрира (1979) на Правниот факултет во Скопје. Работи како втор (1980– 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981–1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана… Continue reading ГАБЕР, Виктор

ГАБЕР, Стеван

ГАБЕР, Стеван (Велес, 22. IX 1919 – Скопје, 5. Ⅷ 1999) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во родното место, а Правен факултет во Белград и во Софија (1943). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Непосредна демократија“ (1956). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1965-1967), ректор на Универзитетот „Св.… Continue reading ГАБЕР, Стеван

ГАБИ, МАКЕДОНСКИ

ГАБИ, МАКЕДОНСКИ. Македонија е миколошки релативно слабо истражена. Први позначајни податоци за македонските габи дале Пилат, Линденер, Личауер и Тортиќ. Од 1986 г. па наваму, Македонски габи: сончарка, вргањ, буковка, смрчка, шампињонка и лисичарка вршени се систематски истражувања на разновидноста на габите во повеќе подрачја во Македонија од страна на Митко Караделев, а проучувањата посебно… Continue reading ГАБИ, МАКЕДОНСКИ

ГАБИЧАРИ

ГАБИЧАРИ (Мѕцетопхилидае) – мали двокрилни инсекти со долги антени. Се сметаат за мирољубиви комарци, кои немаат боцка. Живеат во компост, во гнили растителни остатоци, а ларвите, најчесто, ги има на шумските печурки, во стари дрвја и сл. Најпознат претставник од оваа фамилија е Сциара милитарис, чии ларви се среќаваат во шумската стела, понекогаш собрани во… Continue reading ГАБИЧАРИ

ГАБОВО, Градиште

ГАБОВО, Градиште – Гевгелиско – железновременска и раноантичка утврдена населба, североисточно од Габрово, на доминантниот купест рид Градиште. Фортификацијата има елипсовидна форма, со димензии 60 х 45 м и долга обиколна југозападна станбена тераса. Главната влезна порта била оформена на југоисточната страна, широка околу 5 м, долга околу 8 м, заштитувана странично со проширените завршетоци… Continue reading ГАБОВО, Градиште

ГАБРЕШ , ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО

„ГАБРЕШ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1. Ⅲ 1911) – друштвото е активно, регистрирано кај надлежните државни власти. Ги собира доселениците по потекло од селото Габреш (Костурско), Егејскиот дел на Македонија. Има свое земјиште каде што организира пикници и други активности, верски, национални и селски слави. Сл. Н.-К.

ГАБРО

ГАБРО – длабинска магматска карпа од групата на габровите и базалтите. Има зрнеста структура, а текстурата е најчесто масивна. Изграден е од следните минерали: базични плагиокласи, моноклинични пироксени и оливин, а како акцесорни минерали се појавуваат илменит, апатит и магнетит. Многу е честа појавата на секундарни минерали во габровите, како што се: сосирит, уралит, сфен,… Continue reading ГАБРО

ГАВАЗОВ, Јордан Ицков

ГАВАЗОВ, Јордан Ицков (Прилеп, 1869 – Прилеп, 1899) – војвода на ТМОРО. Бил член на првиот МК на ТМОРО во Прилеп (1894), формиран од Даме Груев. За соработката со четата на прилепскиот војвода Диме Дедото, бил уапсен во затворот во Битола (1895), но успеал да избега и емигрирал во Софија. Со учителот Христо Чемков, од… Continue reading ГАВАЗОВ, Јордан Ицков

ГАВАЗОВ, Тодор

ГАВАЗОВ, Тодор (Ⅱ пол. на ⅩⅠⅩ в.- И пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Од седумтемината први македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в., Г. мелографирал најголем број напеви. Трудовите на македонските мелографи се печатени во софискиот „Сборник за народни умотворбния“ (18901900). Заслужен е и за оформувањето на… Continue reading ГАВАЗОВ, Тодор

ГАВРИЛ

ГАВРИЛ (световно име Ѓорѓи Милошев) (Скопје, 7. Ⅳ 1912 – Скопје, 4. Ⅲ 1996) – архиепископ, трет по ред поглавар на Македонската православна црква (1986– 1993). Дипломирал германистика и славистика на Филозофскиот факултет во Скопје (1936). Во Скопје бил ракоположен за свештеник и бил поставен за парох во Велес (1942), а бил и гимназиски професор… Continue reading ГАВРИЛ

ГАВРИЛ

ГАВРИЛ Ⅰ – (Јанина, ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1572–1588; 1592–1593). Учествувал на црковните собори во Цариград на кои биле осудени новиот Грегоријански календар (20. Ⅹ 1582) и патријархот Пахомиј Патест (Ⅱ 1585). Бил еден од првите охридски поглавари што патувале во Европа со политички цели: барал материјална помош, но сакал и да ги поттикне… Continue reading ГАВРИЛ

ГАВРИЛ Ⅰ

ГАВРИЛ Ⅰ – (Јанина, ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1572–1588; 1592–1593). Учествувал на црковните собори во Цариград на кои биле осудени новиот Грегоријански календар (20. Ⅹ 1582) и патријархот Пахомиј Патест (Ⅱ 1585). Бил еден од првите охридски поглавари што патувале во Европа со политички цели: барал материјална помош, но сакал и да ги поттикне… Continue reading ГАВРИЛ Ⅰ

ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ (с. Осиче, меѓу Крива Паланка и Кратово, XI в.) – пустиножител, аскет, преподобен, чудотворец; заедно со преподобните Јоан Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчињски се основоположници на јужнословенското и македонско еремитско (анахоретско) монаштво. Се подвизувал и аскетувал во околината на Злетовска Планина. Неговата светост и култ се посветени на Лесновскиот манастир „Св. архангели… Continue reading ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

ГАВРИЛ Радомир

ГАВРИЛ Радомир (? – 1015) – син на Самуил и на Агата, македонски цар (1014–1015), совладетел и наследник на Самуил. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. Со силата и со храброста, му бил десна рака на Самуил, особено во војната против Византија. Учествувал во сите поважни битки што ги водел Самуил против Византијците:… Continue reading ГАВРИЛ Радомир

ГАВРИЛ Радомир

ГАВРИЛ Радомир (? – 1015) – син на Самуил и на Агата, македонски цар (1014–1015), совладетел и наследник на Самуил. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. Со силата и со храброста, му бил десна рака на Самуил, особено во војната против Византија. Учествувал во сите поважни битки што ги водел Самуил против Византијците:… Continue reading ГАВРИЛ Радомир

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ (световно име: Мијалче Парнаџиев) (Штип, 10. Ⅲ 1926 г. – Лесновски манастир, 12. Ⅰ 1990) – завршил гимназија во Штип, Факултет за ликовни уметности во Белград (1955) и Богословски факултет во Скопје. Бил професор по уметност во Штип. Од 1963 г. престојувал на Света Гора Атонска, каде што се здобил со големо аскетско… Continue reading ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ (световно име: Мијалче Парнаџиев) (Штип, 10. Ⅲ 1926 г. – Лесновски манастир, 12. Ⅰ 1990) – завршил гимназија во Штип, Факултет за ликовни уметности во Белград (1955) и Богословски факултет во Скопје. Бил професор по уметност во Штип. Од 1963 г. престојувал на Света Гора Атонска, каде што се здобил со големо аскетско… Continue reading ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ГАВРИЛОВ, Никола

ГАВРИЛОВ, Никола (Штип, 11. Ⅹ 1927) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1978–1987 г.) по предмети од областа на патиштата. Студирал со првата генерација студенти на Техничкиот факултет во Скопје. Тој е еден од основоположниците на современиот пристап во наставата за проектирање патишта и основач на Лабораторијата за коловозни конструкции на… Continue reading ГАВРИЛОВ, Никола

ГАВРИЛОВИЌ, Атанасие

ГАВРИЛОВИЌ, Атанасие . Ⅱ (Скопје, ХВ¶¶¶ в. – ?) – скопски митрополит и пеќски патријарх (1747–1752). По потекло е од Скопје. За поглавар на Пеќската патријаршија бил избран по прогонот на патријархот Јоаникиј Ⅲ Караџа (1737–1746), од грчко потекло. Тој ги обновил односите на Пеќската патријаршија со Карловачката митрополија. ЛИТ.: П. ПузовиÊ, Српска црква од… Continue reading ГАВРИЛОВИЌ, Атанасие

ГАВРИЛОВИЌ, Предраг

ГАВРИЛОВИЌ, Предраг (1939) – доктор по технички науки, редовен професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Скопје. Објавил 157 научни труда, меѓу кои и публикации и статии во домашни и меѓународни стручни и научни списанија, на конференции и симпозиуми. Ги објавил книгите, како прв ав-тор: „Сеисмиц стренгтхенинг оф Бизантине цхурцхес ин Мацедониа”… Continue reading ГАВРИЛОВИЌ, Предраг

ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков

ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков (с. Гостиражни, Прилеп, 16. Ⅰ 1922 – Прилеп, 3. Ⅰ 1991) – интернист, пневмофтизиолог. По дипломирањето медицина во Бел-град (1949), специјализирал фтизиологија и интерна медицина и работел на двете специјалности до пензионирањето (1986). Во 1967 г. станал примариус. Бил управник на ДНЗ (1961-1966) и директор на Медицински центар – Прилеп (1969-1973). П.… Continue reading ГАВРИЛОВСКИ, Милан Темелков

ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов

ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов (Скопје, 12. Ⅱ 1949) – интернист-пулмолог и алерголог. Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Докторирал (1983) во Скопје. Редовен проф. (1994), продекан на Мед. ф. (1994/95) и проректор на Унив. ,,Св. Кирил и Методиј” (1995/96). Објавил над 150 стручни трудови. БИБ.: Имунотерапија, Скопје, 1992. Сл. М. П. Гаврило Гаврилоски ГАВРИЛОСКИ, Гаврило… Continue reading ГАВРИЛОВСКИ, Мирослав Јованов

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил (Киро) (Прилеп, 22. Ⅱ 1918 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој на НОАВМ. Како младинец учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови Кирил Гаврилоски во Прилеп. Како член на КПЈ (1941) активно работел во подготовките на НОАВМ, станал член на МК на КПЈ во Прилеп (од почетокот на 1942),… Continue reading ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил