ЉВОВ, Андреј Степанович (А. С. ЛÏвов,) (Кашмаш, Чувашија, РФ, 5/18. Ⅹ 1905 – Москва, 10. Ⅹ 1979) – руски лингвист, русист и медиевист. Дипломирал на Историско-филолошкиот фак. во Казањ. За студијата „Очерки по лексике пам®тников старослав®нской писÏменности” му се признава степенот д-р по филолошки науки. Љ. го застапува ставот дека говорот на македонските Словени од… Continue reading ЉВОВ, Андреј Степанович
Tag: Љ
ЉУБАШ, Владислав
ЉУБАШ, Владислав (Њљадѕсљањ Лубаќ) (Жарновјец, Полска, 5. Ⅵ 1932) – полски лингвист, славист, специјалист во областа на социолингвистиката, ономастиката и лингвостилистиката, д-рх.ц. на Универзитетот во Белград. Во бројни славистички трудови го толкува и македонскиот јазичен материјал. Учествувал на научни собири во Македонија. Објавува во македонски научни списанија. З. Т.
ЉУБИНКОВИЌ, Радивое
ЉУБИНКОВИЌ, Радивое (шабац, Србија, 31. Ⅰ 1910 – Белград, 22. Ⅹ 1979) – автор на првата монографија за црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново. Во коавторство со М. ќоровиќ, Љубинковиќ ја објавил студијата за средновековното сликарство во Охрид. Ги раководел ископувањата во „Св. Софија” во Охрид, од каде што произлегуваат и неговите истражувачки резултати. Познати се… Continue reading ЉУБИНКОВИЌ, Радивое
ЉУБОЈНО , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
ЉУБОЈНО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 1992 –) – друштво на македонски доселеници од Љубојно (Преспанско). Особено активно во помагање на своето село во Македонија, за одржување на верските и комуналните објекти. Организира годишна Мајска средба на љубојнчани од Детроит, Виндзор и од други делови на САД. Сл. Н.-К. Дел од членовите на Иселеничкото друштво… Continue reading ЉУБОЈНО , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО