ЦАНЕВ, Благој

ЦАНЕВ, Благој (Свети Николе, 8. Ⅷ 1937) – композитор. Првиот дипломец (1970) на штотуку основаната Висока музичка школа (подоцна ФМУ), каде што подоцна дипломира и на Одделот по композиција (Вл. Николовски, 1979). Работи како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се… Continue reading ЦАНЕВ, Благој

ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНЕВ, Борјан (Скопје, 1. Ⅺ 1973) – диригент. Во 1997 г. дипломирал диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Ф. Муратовски), магистри-Ц рал на Софиската музичка академија, и специјализирал на Кралскиот колеџ во Лондон. Од 1993 г. е ангажиран како постојан диригент во Македонската филхармонија, изведувајќи симфониски и камерни дела од класичниот и… Continue reading ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАНОСКИ, Фијат (Струга, 2. Х 1960) – бизнисмен, политичар. Завршил Економски факултет и магистрирал по политички науки во Скопје. Основач и сопственик на Универзитетот ФОН во Скопје со одделение во Струга, а од учебната 2009/10 г. и дисперзирани одделенија во Струмица и Гостивар, како и на 5-та приватна гимназија во Скопје и во Струга. Основач… Continue reading ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАРА, Дервиш

ЦАРА, Дервиш (Дервисх Цара) (с. Палчиште, Тетовско, кон почетокот на ⅩⅠⅩ в. – Солунски затвор, по 1844) – управник на Џеладинбег во Гостивар и водач на востание на албанското население против османлиската власт (ноември 1843 – 26. Ⅴ 1844). Востанието избило како резултат на бавните и недоволни реформи во системот на феудалните институции во времето… Continue reading ЦАРА, Дервиш

ЦАРЕВИ КУЛИ

ЦАРЕВИ КУЛИ (СТРУМИЦА) – тврдина на доминантен рид над остатоците на античкиот и средновековен град. Масивните тврдински ѕидови го окружуваат рамното плато, дополнително зајакнати со ѕид од полесно пристапната северна страна. На јужната страна се наоѓала порта заштитена со две кули и јаз преминуван со подвижен мост. На платото била подигната масивна повеќеаголна кула од… Continue reading ЦАРЕВИ КУЛИ

ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Цариград, 23. ⅩⅠⅠ 1876 – 20. И 1877) – конференција на претставниците на европските Големи сили Велика Британија, Франција, Германија, Австро-Унгарија, Италија, Русија и Османлиската Империја, посветена на кризата во Турција. Конференцијата усвоила реформи во балканските владенија и бил усвоен Проект на органски правилник за формирање на два автономни вилаета-провинции (санџаци): Источен санџак… Continue reading ЦАРИГРАДСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА – вселенска православна црква, прва во диптихот на помесните православни цркви, со седиште во Цариград. На Четвртиот вселенски собор (451) се спомнува Константинополската архиепископија, која прераснала во патријаршија во времето на патријархот Акакиј (472–488). Патријархот Јо-ван Ⅱ Кападокиски (518–520) се прогласил за „вселенски“ или „екуменски“. Цариградските патријарси се дистанцирале од римските папи, ги… Continue reading ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА

ЦАРКЊАС, Никодим

ЦАРКЊАС, Никодим (с. Сжботско, Егејскиот дел на Македонија, 1942) – архимандрит, национален деец. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Атина (1987). Поради македонската национална дејност повеќе пати бил апсен, а леринскиот владика го расчинил (1981). Наредната година бил примен во служба во Митрополијата во Кукуш (1982), а потоа кукушкиот митрополит го назначил за претставник во градот… Continue reading ЦАРКЊАС, Никодим

ЦАРФАТИ, Аврахам бен шломо Тревис

ЦАРФАТИ, Аврахам бен шломо Тревис (Скопје, 1470 – Сафед, ?) – скопски рабин. Во Скопје дошол во 1505 г. и извесно време бил рабин. Од Скопје заминал на служба во Цариград. Во Венеција ја отпечатил својата книга „Биркат Аврахам“ (1552). Животот го завршил во Сафед во Галилеја. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје… Continue reading ЦАРФАТИ, Аврахам бен шломо Тревис

ЦАРЧЕВ, Миле Костов

ЦАРЧЕВ, Миле Костов (Струмица, 16. Ⅶ 1948) – спец. по детска и превентивна стоматологија, проф. на Ст. ф. Докторирал во 1989 г. Публикувал 105 статии. Учествувал во изведбата на научни проекти. Бил претседател на Стоматолошката комора на Македонија и продекан на Ст. ф. Е. М. Ѓорѓи Цаца

ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков

ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков (Битола, 15. Ⅸ 1920 – Скопје, 14. Х 2006) – правник, државник, универзитетски професор. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Белград, каде што ја одбранил и докторската теза „Уставноста и законитоста во СФРЈ и улогата на уставните судови во нивната заштита“ (1973). Бил професор по… Continue reading ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков

ЦВЕКЛО

ЦВЕКЛО . (Бета вулгарис вар. рубра.) – двегодишно растение. Првата година формира надебелен корен и лисна розета, а во втората генеративни органи. Се одгледува заради надебелениот корен, кој се консумира готвен или во преработки. Содржи: минерални материи (Фе, К, Зн), Цвекло Мн, јаглени хидрати (12–14%), аминокиселини, и бетанини. Се одгледува со расад и со директна… Continue reading ЦВЕКЛО

ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов

ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов (Скопје, 28. Ⅷ 1935) – спец. Владимир Цветанов по медицина на трудот (1967), алерголог и клинички имунолог (1984), редовен проф. на Мед. ф. Медицинските студии ги завршил во Скопје (1961), магистрирал во Загреб (1970), а докторирал во Скопје (1979). Супспецијалист по алергологија и пулмологија (1993). Основоположник е на Институтот за медицина на… Continue reading ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов

ЦВЕТКОВ, Љубомир

ЦВЕТКОВ, Љубомир (Охрид, 1938) – технолог, унив. професор. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1962), магистрирал и потоа докторирал (1979) на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, каде што е вработен од 1970 г., а како редовен професор од 1988 г. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во долг период. Подрачја: технологија на прехранбени… Continue reading ЦВЕТКОВ, Љубомир

ЦВЕТКОВ, Парашкев

ЦВЕТКОВ, Парашкев (Плевен, Бугарија, 20. Ⅴ 1875 – с. Могила, Парашкев Цветков Битолско, 8. Ⅴ 1903) – гимназиски професор по музика и војвода на ТМОРО. Дипломирал на конзерваториум во Русија и бил професор по музика во родниот град, а потоа во Битолската класична гимназија (1902/3) и домашен учител на децата на битолскиот руски конзул А.… Continue reading ЦВЕТКОВ, Парашкев

ЦВЕТКОВИЌ, Бранко

ЦВЕТКОВИЌ, Бранко (Будимпешта, 11. Ⅸ 1930 – Скопје, август 1995) – пијанист и педагог. Дипломирал на Музичката академија во Љубљана (П. шивиц), а специјализирал на Академијата „Санта Чечилија“ во Рим (К. Цеки, 1967). Основач на Катедрата по пијано на ФМУ во Скопје, каде што долги години работел како професор (1966–1991). Сн. Ч.-Ан. Нада Цветковиќ ЦВЕТКОВИЌ,… Continue reading ЦВЕТКОВИЌ, Бранко

ЦВЕТКОВСКА, Маја

ЦВЕТКОВСКА, Маја (Скопје, 1947) – технолог, унив. професор. Дипломирала (1972) и докторирала (1982) на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а магистрирала на Технолошкиот факултет во Загреб (1975). Била на студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1975 г., а како редовен професор од 1993 г. Била продекан на Факултетот… Continue reading ЦВЕТКОВСКА, Маја

ЦВЕТКОВСКА, Надежда

ЦВЕТКОВСКА, Надежда (Скопје, 6. ⅩⅠⅠ 1948) – историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет (Група историја), магистрирала со темата „Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија од 1918 до 1929 година“ (1986) и докторирала со темата „Граѓанските партии во Вардарскиот дел на Македонија од 1935… Continue reading ЦВЕТКОВСКА, Надежда

ЦВЕТКОВСКИ, Живко

ЦВЕТКОВСКИ, Живко (с. Дејловце, Кумановско, 16. Ⅱ 1948) – лингвист, македонист, професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за македонски јазик и книжевност (1970). Магистрирал („Допусните реченици во македонскиот јазик“, Скопје, 1981) и докторирал („Именскиот прирок во македонскиот… Continue reading ЦВЕТКОВСКИ, Живко

ЦВЕТКОСКИ, Бранко

ЦВЕТКОСКИ, Бранко (с. Слатино, Охридско, 21. Ⅵ 1954) – поет, литературен критичар, есеист, преведувач, новинар, издавач. Повеќе години ја водел културната рубрика на в. „Нова Македонија“. Бил главен уредник во издавачката куќа „Култура“, редактор на литературното списание „Стремеж“ од Прилеп, директор-сопственик на издавачката куќа „Макавеј“ во Скопје. БИБ.: Свиок, поезија, 1981; Високи ветрови, поезија, 1985;… Continue reading ЦВЕТКОСКИ, Бранко

ЦВЕТНИЦИ

ЦВЕТНИЦИ – христијански православен празник што се чествува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и народот береле цвеќе и врбови гранки од дрвјата и со нив и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Познат е и како Цветоносна недела или Врбица. Се празнува во неделата пред… Continue reading ЦВЕТНИЦИ

ЦВЕЌАРСТВОТО ВО РМ

ЦВЕЌАРСТВОТО ВО РМ. Организирано се развива од седумдесттите години на ⅩⅩ в., во заштитени простори и на отворено (вкупно на околу 20 ха). Се произведуваат околу 20 вида цвеќе: режен цвет (каранфил, гербера, стрелиција, кала, трендафили, хризантема, крин, гладиола, ирис, алстроемерија, еустома); саксиски цвеќиња; луковици и клубени (гладиола, крин, лијатрис, ирис); едногодишни и двегодишни сезонски… Continue reading ЦВЕЌАРСТВОТО ВО РМ

ЦВИИЌ, Јован

ЦВИИЌ, Јован (Лозница, Србија, 12. Ⅹ 1865 – Белград, 16. И 1927) – српски географ, унив. професор, академик. Основно образование завршил во Лозница, а гимназија во Белград. Дипломирал на Групата за географија на Високата школа во Белград (1888). Една година работел како професор во Втората белградска гимназија, потоа заминал на специјализација на Универзитетот во Виена,… Continue reading ЦВИИЌ, Јован

ЦВРСТ КОМУНАЛЕН СМЕТ

ЦВРСТ КОМУНАЛЕН СМЕТ – градовите и селата се дефинираат како урбани и рурални екосистеми, кои се одликуваат со промет на материи и енергија неопходни за исхрана на граѓаните и за производството. По нивното искористување не се добиваат само производи, туку и отпадоци што се исфрлаат во животната средина. По искористувањето на ендогената енергија од прехранбените… Continue reading ЦВРСТ КОМУНАЛЕН СМЕТ