КРСТЕ П. МИСИРКОВ

МИСИРКОВ, Крсте Петков (Постол, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија, 6/18. Ⅺ 1874 – Софија, 26. Ⅶ 1926) – најкомплетниот и најкомплексниот македонски славист, кодификатор на современиот македонски литературен јазик и правопис, ав-тор на првата книга („За македонцките работи“, 1903) и на првото научно-литературно списание („Вардар“, 1905) на современиот литературен јазик, прв национален филолог, историчар, етнограф,… Continue reading КРСТЕ П. МИСИРКОВ

МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ

МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ – натпревари во скијачко трчање во разни дисциплини, кои традиционално се одржуваат во знак на сеќавање на загинатите работници од лавини при изградбата на Мавровската хидроцентрала (од 1960). Досега е одржан 43 пати (до 2005). Отпрвин најголеми успеси имале Арсо Авакумовски и Димитар Смилевски од Скијачкиот клуб „Момир Андоновски“ од Маврово, а подоцна… Continue reading МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ

МАВРОВСКИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

МАВРОВСКИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ – заедничко име за трите ХЦ од мавровскиот хидросистем: ХЦ „Врбен“, ХЦ „Вруток“ и ХЦ „Равен“. Изградбата на хидросистемот започнала во 1948 г. и се одвивала во две етапи. Првата етапа траела до 1960 г. и во неа се пуштени во погон по два агрегата во: ХЦ „Вруток“, ХЦ „Равен“ и ХЦ „Врбен“.… Continue reading МАВРОВСКИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

МАВРОВСКО ЕЗЕРО

МАВРОВСКО ЕЗЕРО – спаѓа меѓу трите најголеми вештачки езера во РМ. Изградено е на Мавровска Река во Мавровската Котлина во 1957 г. Браната е земјенонасипна со глинено јадро. Височината на браната изнесува 61,9 м, должината на круната на браната изнесува 210 м, а широчината на круната е 6 м. Тоа има правец на протегање североисток-југозапад… Continue reading МАВРОВСКО ЕЗЕРО

МАВРОВСКО-ГОСТИВАРСКИ НОПО КОРАБ

МАВРОВСКО-ГОСТИВАРСКИ НОПО „КОРАБ“ . (реонот на с. Маврово, 30. Ⅸ 1942 – 21. Ⅴ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од припадници на НОД од Мавровско и Гостиварско. Извршил акции во близина на с. Трница и на превојот Буковиќ (1942). Во зимата се повлекол на зимување и во пролетта пак излегол… Continue reading МАВРОВСКО-ГОСТИВАРСКИ НОПО КОРАБ

МАВРОДИЕВ, Ѓорѓи

МАВРОДИЕВ, Ѓорѓи (с. Крупник, Благоевградско, Бугарија, 1. Ⅱ 1928) – физичар, ред. проф. (1971) на ПМФ. Дипломирал (1950) на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата физика. Докторирал (1960) на ПМФ со тема за исправувачките својства на Бунзеновиот пламен. Специјализирал во Љубљана и во Единбург. Предавал механика, термодинамика и електромагнетизам на студиите по физика, а општа… Continue reading МАВРОДИЕВ, Ѓорѓи

МАГА

МАГА“ – Здружение на геотермичарите на Македонија. Непрофитабилно професионално здружение на поединци и институции во областа на геотермалната енергија, претседател проф. К. Поповски. Седиштето на здружението е во Скопје. МАГА е основана во 1995, а регистрирана е како НВО во 2002 г. Редовни активности: организација на национална и меѓународна работилница, издавање на билтен, учество на… Continue reading МАГА

МАГДОНОС

МАГДОНОС . (Петроселинум хортенсе Хоффм.) – двегодишно градинарско растение, во првата година формира корен и лисна розета, во втората цветни стебла и семе. Потекнува од Средна и од Јужна Ев-Мавровското Езеро зиме ропа. Има два вариетета: лиснат (вар. фолиосум) и коренест (вар. туберосум). Богат е со минерални материи, витамини С, Б и 12 етерични мас-ла,… Continue reading МАГДОНОС

МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА

МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА –јавни патишта што ги поврзуваат стопанските подрачја на два или повеќе региони во земјата или се од посебно значење за државата. Во нивен состав се и автопатите. Магистралните патишта (освен Магистралниот пат Скопје&Белград автопатите) се изградени со две сообраќајни ленти на еден коловоз за двонасочен сообраќај. По нив се одвива само моторниот сообраќај.… Continue reading МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА

МАДЕВСКИ, Живко Крстов

МАДЕВСКИ, Живко Крстов (Куманово, 12. Ⅹ 1929) – математичар, ред. проф. (1980) на ПМФ во Скопје. Дипломирал (1954) на Филозофскиот факултет и докторирал (1973) на ПМФ со тема „Некои методи за добивање релации меѓу елементите од еден триаголник“. Објавил научни трудови од областа на геометријата, алгебрата и небесната механика. Тој е ав-тор или коавтор на… Continue reading МАДЕВСКИ, Живко Крстов

МАДОЛЕВ-СТЕФАН, Георги

МАДОЛЕВ-СТЕФАН, Георги (с. Белица, Разлошко 13. Ⅲ 1916 – Софија) – истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија. Бил член на Околискиот комитет на БКП (1937), ја одржувал врската меѓу ОК и ЦК на БРП (1941–1942), борец во Беличката партизанска чета „Јаким Цоков“ (од јули 1942), политички комесар на Разлошкиот п.о.… Continue reading МАДОЛЕВ-СТЕФАН, Георги

МАЖОВСКИ, Исаија Радев

МАЖОВСКИ, Исаија Радев (Лазарополе, Дебарско, 9. Ⅲ 1853 – Плевен, РБ, 1926) – македонски патриот, бунтовник, комита, зограф и политички деец за македонско-албанска соработка. По завршувањето на црковното училиште во родното село, три години со двајцата браќа го учат иконописниот занает, по кое два месеца престојува во Зографскиот манастир на Света Гора, каде што се… Continue reading МАЖОВСКИ, Исаија Радев

МАЗЕВ, Петар

МАЗЕВ, Петар (Кавадарци, 10. Ⅱ 1927 – Скопје, 13. Ⅲ 1993) – сликар и педагог, клучна личност на модерната и постмодерната уметност, значаен сликар со многубројни следбеници и приврзаници. Како водечка фигура во македонското сликарство, извршил големо влијание врз сликарите од разни генерации. Заедно со Н. Мартиноски, тој е најеминентен претставник на експресионизмот. Дипломирал на… Continue reading МАЗЕВ, Петар

МАЗИНГ, Леонхард Готхилф

МАЗИНГ, Леонхард Готхилф (1845–1936) – проф. на унив. во П. Мазев: „Двајца“ (1990) Првата одбранета докторска дисертација за македонските дијалекти од Л. Мазинг (1890) Тарту, Естонија; теолог, славист, индоевропеист, дијалектолог, акцентолог, автор на трудови од областа на макед. ј.: за рефлексот на *тј и *дј (Зур Спрацхлицхен Беуртеилунг дер Мацедонисцхен Славен, Вертретунг вон *тј унд… Continue reading МАЗИНГ, Леонхард Готхилф

МАЗНЕВСКИ, Антони

МАЗНЕВСКИ, Антони (Скопје, 27. И 1963) – сликар, скулптор и професор на ФЛУ. Дипломирал на ФЛУ во Скопје (1991). Во 2005 г. ја претставувал РМ на Биеналето во Венеција. Темелно ги истражува можностите на разните ликовни дисциплини (сликарство, скулптура, објект, цртеж, инсталација), создавајќи загадочни концептуални проникнувања меѓу надреалното и реалното. Ав-тор е на делата: ТВ… Continue reading МАЗНЕВСКИ, Антони

МАЗНЕЈКОВ, Костадин

МАЗНЕЈКОВ, Костадин (Стру-мица, 1882 – пл. Смрдешник, с. Дедино, Радовишко, 11. Ⅴ 1903) – учител, револуционер, радовишки војвода. Се школувал во Струмица и во Скопје. Бил учител во с. Робово, Малешевско и во с. Добрејци, Струмичко. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Од 1901 г. станал малешевски, а потоа радовишки војвода. Загинал во судир со… Continue reading МАЗНЕЈКОВ, Костадин

МАЗОВ КЛИМЕ, Иван

МАЗОВ КЛИМЕ, Иван (Кавадарци, 7. И 1923 – Рогашка Слатина, 17. Ⅱ 1977) – еден од првите организатори на слободното новинарство во Македонија. Носител на Партизанска споменица 1941. Завршил Висока политичка школа во Белград. Главен и одговорен уредник на првиот весник на македонски јазикМлад борец“ (22 март 1944 на планината Козјак). Долгогодишен уредник, ретувач… Continue reading МАЗОВ КЛИМЕ, Иван

МАЗОВА, Лилјана

МАЗОВА, Лилјана (Скопје, 30. Ⅶ 1946) – театарски критичар, новинар и публицист. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Југословенска книжевност (1969). Од 1970 г. е новинар во Културната рубрика на в. „Нова Македонија“. Нејзини текстови се објавувани во монографии, каталози и зборници. Автор е на книгата „Ковчег со време“ и „Тој и Тие &… Continue reading МАЗОВА, Лилјана

МАЗОН, Андре

МАЗОН, Андре (Мазон, Андре) (Париз, 7. Ⅸ 1881 – Париз, 13. Ⅵ 1967) – француски лингвист, славист, странски член на академиите на Полска, СССР, Чешка, Бугарија, член на Ацадемие дес Инсцриптионс ет Беллес Леттрес во Париз. Во Првата светска војна се нашол на македонската јазична територија. Резултат на тоа се три книги што претставуваат основни… Continue reading МАЗОН, Андре

МАЗУРИНСКА КРМЧИЈА

МАЗУРИНСКА КРМЧИЈА – ракопис од третата четвртина на ⅩⅣ в., македонска редакција, скратена преработка на Светосавската крмчија. Прва комплетно обработена крмчија: јазичната обработка е објавена во Скопје (К. Илиевска, Мазуринска крмчија, ИМЈ, 1999), а текстолошката анализа на М. к. и ракописите од оваа редакција со дополнителните текстови и нивната обработка – во Москва од група… Continue reading МАЗУРИНСКА КРМЧИЈА

МАЈЕР, Ернест

МАЈЕР, Ернест (Маѕер Ернест) (Згорњи Тухињ, Словенија 10. Ⅺ 1920) – академик, редовен член на САЗУ, Љубљана, професор по ботаника на Универзитетот во Љубљана. Автор е на бројни трудови од областа на флористиката и таксономијата и е еден од најдобрите познавачи на ендемичната флора на Балканскиот Полуостров. Има објавено голем број трудови, дел од нив… Continue reading МАЈЕР, Ернест

МАЈСКИ МАНИФЕСТ

МАЈСКИ МАНИФЕСТ (1924) – манифест на ВМРО со новата политичка програма за единство во дејствувањето на македонските револуционерни сили. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена (6. Ⅴ 1924) од членовите на ЦК на ВМРО А. Протогеров, П. Чаулев и Т. Александров. Со Манифестот кон… Continue reading МАЈСКИ МАНИФЕСТ

МАЈСКИ, Никола Киров

МАЈСКИ, Никола Киров (Крушево, 28. Ⅵ 1880 – Софија, 2. Ⅷ 1962) – македонски културнонационален и просветен деец, историограф, револуционер, општественик, книжевник – драм-ски автор, поет, раскажувач, мемоарист и хроничар на Крушево. Никола Киров Мајски Основно училиште завршува во родниот град, а гимназијалното го започнува во Битола, но како член на ученичката група „Удостоените“ учествува… Continue reading МАЈСКИ, Никола Киров