КАБА, Лиман Јаја (Дебар, 1924 – Банова Јаруга, Славонија, април 1945) – народен херој од НОАВМ. Откако завршил основно училиште, по Априлската војна (1941) Лиман Каба учел во Гимназијата во Приштина, каде што дејствувал и на организирањето на антифашистичката младина, поради што двапати бил апсен (1942). Избегал од Приштинскиот затвор и се вратил во Дебар,… Continue reading КАБА, Лиман Јаја
Tag: К
КАБА, Мухамед
КАБА, Мухамед (Дебар, 3. Ⅱ 1941) – економист. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Работел како референт и началник на Одделението за стопанство во Собранието на Општина Дебар и шеф на Комерцијалниот сектор во Фабриката за теписи „Новост” во Дебар. Бил еден од раководителите на младинските организации во градот и член на ЦК на СКМ.… Continue reading КАБА, Мухамед
КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов
КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов (Галац, Романија, 2. Ⅰ 1878 – Москва, СССР, 6. Ⅹ 1940) – бугарски и интернационален комунистички деец, доктор по историски науки, застапник за македонската нација и државност. Дипломирал право на Софискиот универзитет и бил член на ЦК на БРСДП (1905–1928), еден од делегатите на Копенхагенскиот (1910) и на Базелскиот конгрес на Ⅱ… Continue reading КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов
КАБРОВСКИ, Тоде Василев
КАБРОВСКИ, Тоде Василев (с. Горно Ореово, Битолско, 8. 1945) – просветен и културно-национален деец во Австралија. По завршувањето на Учителската школа (1964) и на Вишата педагошка школа (на Групата за историја и географија) во Битола (1967), во 1969 г. се иселил во Австралија (Рокдаел, Нов Јужен Велс) и 36 години работел во Телстра корпорејшен лимитед.… Continue reading КАБРОВСКИ, Тоде Василев
КАВАДАРЦИ
КАВАДАРЦИ – град во Повардарјето со 34.252 ж. (2002 г.). Се наоѓа од двете страни на Ваташка Река (Луда Мара) во Тиквешката област, на надморска висина од Кавадарци 270 м. Зафаќа површина од 866 ха. Има променета медитеранска клима со просечна годишна температура на воздухот од 13,6°Ц и просечна годишна количина на врнежи од 476… Continue reading КАВАДАРЦИ
КАВАЕВ, Владимир
КАВАЕВ, Владимир (Струга, 1885 – 1931) – лекар, хирург, учесник во Владимир Каваев Октомвриската револуција. Првин учи во Духовната семинарија во Цариград, а потоа ја завршил Воено-медицинската академија во Петроград. Специјализирал хирургија во Берлин (1920). Бил личен пријател и соработник на В. И. Ленин. Работел во КИ на репатријацијата на емигрантите. По враќањето во Струга… Continue reading КАВАЕВ, Владимир
КАВАЕВ, Филип Т
КАВАЕВ, Филип Т. (Струга, 1904 – Битола, 1974) – гимназијален професор по македонски јазик и литература, фолклорист. Беше пасиониран собирач на македонски народни умотворби, особено на народните песни за Битола и Битолско, еден од први-Филип Т. Каваев те членови на Здружението на фолклористите на Македонија и еден од основачите на Друштвото за наука и уметност… Continue reading КАВАЕВ, Филип Т
КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф
КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф (Ченстохова, Полска, 1893 – Охрид, 1982) – лекар, специјалист за детски болести, учесник во Октомвриската револуција и во НОБ, организатор на санитетската служба во Охрид. Дипломирала медицина во Берлин, по што заминала на работа во Петроград (1914). Специјализирала педијатрија во Берлин (1920). По доаѓањето во Македонија (1923) соработувала со членовите на КПЈ.… Continue reading КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф
КАВАЕВА, Депа
КАВАЕВА, Депа (Деспина) – собирачка и пејачка на народни песни од времето и од градот на Миладиновци, Струга. Соработувала во подготовките на Зборникот на Браќата Миладиновци. За нејзиниот живот и дело пишувал Петар Чакар (Која била Депа Каваева?, во „Нова Македонија”, 23-27. Ⅹ 1962). Таму се изнесуваат податоци дека Депа Каваева е внука од помала… Continue reading КАВАЕВА, Депа
КАВАЛ
КАВАЛ – .дувачки народен инструмент од типот надолжни флејти. Претставува богато орнаментирана дрвена цевка, отворена на двата краја. Се изработува од јасеново дрво, најчесто во три должини: 600, 700 и 800 мм. На предната страна има 7 мелодиски отвори и еден на задната страна за палецот. Во традиционалната практика редовно се музицирало бордунски – истовремено… Continue reading КАВАЛ
КАВАЛА
КАВАЛА – град во егејскиот дел на Македонија, Република Грција, со 65.000 ж. (2002 г.). Претставува пристаниште формирано на местото на античкиот град Неаполис. До почетокот на ⅩⅠⅩ в. К. била населена главно со Турци. Во 1898 г. бројот на населението изнесувал 9.500 ж., од кои 5.000 биле Турци. Во време и по Првата светска… Continue reading КАВАЛА
КАВАЛАРИОН
КАВАЛАРИОН – средновековно утврдување во Демирхисарско. Го освоил византискиот император Андроник Ⅲ Палеолог (1330), заедно со Бучин, Деврица и Сидерокастрон, но набргу повторно дошло под српска власт. Се лоцира на 19 км северозападно од Битола, на ридот на левиот брег на реката шемница, помеѓу селата Лопатица и Габалавци. ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки по повод воениот… Continue reading КАВАЛАРИОН
КАВАСИЛА, Константин
КАВАСИЛА, Константин (ⅩⅠⅠⅠ в.) – струмички епископ, драчки митрополит, охридски архиепископ (ок. 1250 – по 1262/1263), светител (претставен на неколку фрески). Ги составил грчкото жи-тие на св. Наум, каноните за св. Климент, св. Наум и (два) за Тивериополските маченици. Бил личен пријател со Д. Хоматијан (29 писма до Кавасила). Затворен од Фреска на охридскиот архиепископ… Continue reading КАВАСИЛА, Константин
КАВКА, Маќеј
КАВКА, Маќеј (Тшебиња кај Краков, Полска, 19. Ⅰ 1948) – лингвист, директор на Центарот за истражување на печатот во Институтот за новинарство и општествена комуникација на Јагелонскиот универзитет. Завршил полонистички студии (1971) и докторирал од областа на лингвистиката (1981). Првин работел во Институтот за полска филологија на истиот универзитет (1971-1981), а потоа во Институтот за… Continue reading КАВКА, Маќеј
КАВРАКИРОВ, Симеон
КАВРАКИРОВ, Симеон (Солун, 16. XI 1889 – с. Осеново, Благоевградско, Бугарија, 14. Ⅵ 1934) – раководител на ВМРО(Об). Студирал право на Софискиот универзитет. Бил член на БКП(т.с.) (1920) и во Емигрантскиот комунистички сојуз, прогонуван и затворан од властите. Во ВМРО(Об) бил секретар на Обласниот комитет за Бугарија (1928), раководител на Ⅲ револуционерна област – Пиринскиот… Continue reading КАВРАКИРОВ, Симеон
КАДИНА РЕКА
КАДИНА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Извира северно од месноста шашковица на планината Јакупица, во месноста Јуручка Карпа, на височина од 1.900 м, а се влива во Таорската Клисура, на височина од 212 м. Долга е 34 км, има вкупен пад од 1.688 м и просечен пад од 49,6‰. Површината на сливот изнесува… Continue reading КАДИНА РЕКА
КАДИРИЈА
КАДИРИЈА – дервишки ред. Бил основан во Ⅻ в. од Абдул Кадир ел Гилани (роден во Иран), по кого го добил името. Редот се ширел преку основањето теќиња. Најголема доминација достигнал во ⅩⅣ–ⅩⅤ в., во Иран и во Сирија. Во Македонија се појавил во втората половина на ⅩⅤⅠⅠ в. и бил еден од најраширените редови… Continue reading КАДИРИЈА
КАДРИУ, Тахир
КАДРИУ, Тахир (Тетово, 24. Ⅵ 1938) – економист и политичар. Завршил Економски факултет. Бил претседател на Околискиот комитет на Сојузот на младината, член на Околискиот комитет на СКМ и потпретседател на Собранието на општината Тетово. Исто така, бил член на ЦК на СКМ и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, пратеник во Републичкиот… Continue reading КАДРИУ, Тахир
КАДРИФАКОВСКИ МАСАКР
КАДРИФАКОВСКИ МАСАКР (16. Ⅰ 1923) – извршен од ВМРО врз колонизираното српско население. Чета предводена од војводата Иван Јанев-Брло го нападнала с. Кадрифаково, Штипско, и убила 23 селани и членови на нивните семејства. ИЗВ. иЛИТ.: АИНИ, Фонд Централно пресбиро, к. ЏЏЏВИИ/13, бр. 1; Тодор Александров, Сî за Македонија. Документи 1919–1924. Предговор и редакција проф. д-р… Continue reading КАДРИФАКОВСКИ МАСАКР
КАЕВСКИ, Александар
КАЕВСКИ, Александар (Скопје, 20. Ⅹ 1932 – Скопје, 2. IX 2000) – сликар, илустратор и графички дизајнер. Илустрирал книги и списанија за млади читатели, сликовници и поетски книги за деца. Учествувал на повеќе изложби и саеми на книги за деца во земјата и во странство. Ал. Цв. Никола Казнџиев
КАЗАНЏИЕВ, Никола
КАЗАНЏИЕВ, Никола (Радовиш, 23. Ⅲ 1879 – Софија, 19. Ⅲ 1971) – револуционер, публицист и национален политички деец. Стапил во редовите на Македонската револуционерна организација (1899) и активно учествувал во Илинденското востание. Потоа заминал во Јужна Америка, во Аргентина (1905) и таму работел како физички работник. Го основал Македонско-одринското братство (1907) и бил негов претседател… Continue reading КАЗАНЏИЕВ, Никола
КАЈА, Фахри
КАЈА, Фахри (Фахри Каѕа) (Куманово, 1930) – раскажувач, поет, литературен критичар, антологичар, новинар, преведувач од турската националност во Р Македонија. Бил учител, новинар, главен и одговорен уредник на в. „Бирлик”, уредник на с. „Сеслер”, долго време бил општествено-политички работник, секретар за информации при Извршен совет на Фахри Каја СРМ, пратеник на РС на СРМ, два… Continue reading КАЈА, Фахри
КАЈАКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА
КАЈАКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА. Организирано се јавува со формирањето на првиот КК „Вардар” во Скопје (1934) на чело со Димитрие Ставриќ. По ослободувањето се основани клубовите: „Стрмец” во Охрид (1948), „Црн Дрим” во Струга, „Пеликан” во Ресен, „Мирче Ацев” во Скопје. Бил создаден Поморско-бродарски (1949), односно Бродарски сојуз на Македонија (1953), во кој се активни 34… Continue reading КАЈАКАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА
КАЈСИЈА
КАЈСИЈА .(Прунус армениаца Л.) – традиционално овошје во нашиве простори. По Втората светска војната производството на кајсии во Република Македонијаизнесуваше околу 2.700 т. Во последната декада од социјалистичкиот период (1980–1990) површините под плантажни насади достигнаа до 900 ха, а производството до 12.000 т. Со приватизацијата и влошувањето на Кајсии (Прунус армениаца Л.) состојбата во општествениот… Continue reading КАЈСИЈА