ИВАНОВИЌ, Радомир (с. Смошча, Црна Гора, 28.Ⅷ 1936) – српски македонист, популарен во Македонија со широчината на своето македонозналство. Дипломирал југословенска литература и јужнословенски јазици на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Член е на МАНУ од надворешниот состав. Почесен член на ДПМ. Повеќе од три децении е страстен и неуморен изворен проучувач на македонската литература… Continue reading ИВАНОВИЌ, Радомир
Tag: И
ИВАНОВСКИ-ПЛАНИНСКИ, Стоилко Николов
ИВАНОВСКИ-ПЛАНИНСКИ, Стоилко Николов (Ораов Дол, Велешко, 24. Ⅰ 1920 – Скопје, 10. Ⅴ 2003) – професор, припадник на младинското и на комунистичкото движење, учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на КПМ (од 1941), организатор на партизанското движење во Азот (Велешко) и борец на ВПО „Димитар Влахов”, политички комесар на баталјонот „Мирче… Continue reading ИВАНОВСКИ-ПЛАНИНСКИ, Стоилко Николов
ИВАНОВСКИ, Александар
ИВАНОВСКИ, Александар (Скопје, 21. Ⅱ 1937 – Скопје, 2. Ⅹ 2000) – новинар. Со новинарството почнал во Радио Скопје 1961 г. како студент на Правниот факултет. Продолжил во „Нова Македонија”, а од есента 1963 г. во првиот состав на новоформираниот весник „Вечер”, каде што останал 37 години – сè до пензионирањето. Бил соработник и уредник… Continue reading ИВАНОВСКИ, Александар
ИВАНОВСКИ, Благоја
ИВАНОВСКИ, Благоја (Скопје, 28. Ⅱ 1921 – Скопје, 14. Ⅴ 1994) – композитор. Заедно со Смокварски и Македонски, бил еден од втемелувачите на современиот македонски симфонизам. Својот талент го најавил со композицијата „Разделба” (1948), но вниманието на вкупната музичка јавност во Македонија, па и пошироко, го свртел со симфониската поема Размислување (1954), која до денес… Continue reading ИВАНОВСКИ, Благоја
ИВАНОВСКИ, Васил
ИВАНОВСКИ, Васил (с. Ловраде, Костурско, 1906 – Софија, 1991) – истакнат национален деец, револуционер, журналист, публицист и историограф (со псевдоним: Динко Динков, Бистришки). Со семејството протерани од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија. Во Пловдив завршил прогимназија. Бил тутунски раВасил Ивановски ботник, синдикално и политички активен, а од 1923 г. член на БРП (комунисти) и… Continue reading ИВАНОВСКИ, Васил
ИВАНОВСКИ, Владо
ИВАНОВСКИ, Владо (Охрид, 9. Ⅷ 1931) – историчар, научен советник и директор во ИНИ, истражувач на НОАБ, во пензија. Дипломирал (1956) и докторирал (1965) на Филозофскиот факултет (Група за историја) во Скопје на темата „Народноослободителната војна во Западна Македонија 1941-1944 г.” Првин бил кустос во Народниот музеј во Охрид (1957-1960), потоа се вработил како асистент… Continue reading ИВАНОВСКИ, Владо
ИВАНОВСКИ, Гого
ИВАНОВСКИ, Гого (Скопје, 18. Ⅰ 1925 – Скопје, 15. Ⅻ 2004) – поет, раскажувач, преведувач. Завршил високо стручно образование. Работел како уредник во МРТ. Член на ДПМ од 1946. Иако недоволно вреднуван поет, има солиден придонес во развојот на современата македонската поезија. БИБ.: За новата пролет, поезија, Ск., 1946; Стихови, Ск., 1948; Лазарополе, пое-Гого Ивановски… Continue reading ИВАНОВСКИ, Гого
ИВАНОВСКИ, Димитар Василев
ИВАНОВСКИ, Димитар Василев (Прилеп, 24. Ⅴ 1928 – Скопје, 1. Ⅴ 1998) – спец. по социјална медицина и организација на здравствената дејност, редовен проф. на Мед. ф. (1988). Дипломирал медицина во Скопје (1954) и се усовршувал во школата за народно здравје „Андрија штампар” во Загреб (1965-1966). Магистрирал по јавното здравство (1971), а хабилитирал по хигиена… Continue reading ИВАНОВСКИ, Димитар Василев
ИВАНОВСКИ, Ѓорѓи
ИВАНОВСКИ, Ѓорѓи (Скопје, 29. Ⅵ 1945) – физичар, ред. проф. (1987) на ПМФ. Дипломирал (1969) на Факултетот за физика во Харков, Украина, и одбранил кандидатска дисертација на Московскиот државен универзитет од областа на електроакустичните појави во металите (1973). Докторирал (1976) на ПМФ во Скопје со теза за појавите поврзани со електрон-фононската интеракција во нормални метали.… Continue reading ИВАНОВСКИ, Ѓорѓи
ИВАНОВСКИ, Иван
ИВАНОВСКИ, Иван (Дебар, 10. Ⅶ 1930) – поет, патописец, автор за деца, театралог. Неговата поезија е лирски дневник на катадневјето, минливоста и љубовта. Еден од основоположниците на македонската современа театарска критика. Работниот век го минал во Македонското радио. БИБ.: стихозбирки: Ветки од љубов, Ск., 1961; Варијации, Ск., 1963; Водоскоци на сонот, Ск., 1967; стихозбирки за… Continue reading ИВАНОВСКИ, Иван
ИВАНОВСКИ, Јордан
ИВАНОВСКИ, Јордан (Куманово, 30. Ⅷ 1928 – Скопје, 6. Ⅴ 1975) – новинар. Со спортско новинарство почнал во почетокот на педесеттите години на ХХ в. Соработник на „Спорт”, главен уредник на „Спортски глас” (1952). Во „Нова Македонија” од 1953 г. соработник на Скопската и Внатрешно-политичката рубрика, подоцна коментатор. Еден од основачите на весникот „Вечер”, негов… Continue reading ИВАНОВСКИ, Јордан
ИВАНОВСКИ, Методија
ИВАНОВСКИ, Методија (Менде) (Битола, 14. Ⅴ 1929 – Скопје, 1. Ⅰ 1995) – сликар и сценограф. Ги завршил Художествената школа и Педагошката академија во Скопје и студирал на Ликовната академија во Загреб. Работел како наставник во родниот град. Бил член на ДЛУМ (1952) и негов претседател (1988–1989), член на ДЛУПУМ, еден од основачите на групата… Continue reading ИВАНОВСКИ, Методија
ИВАНОВСКИ, Томислав
ИВАНОВСКИ, Томислав (Скопје, 9. Ⅹ 1947) – новинар. Правник, кој од 1971 г. ги минува сите новинарски скалила во НИП „Нова Македонија”: дописник од Софија (1985/89), помошник-главен уредник и шеф на Дневната редакција, коментатор за балканските состојби. Основач, директор и главен уредник на популарното Радио НОМА, главен уредник на политичкиот неделник „Пулс” (до 1998). Во… Continue reading ИВАНОВСКИ, Томислав
ИВАНОСКИ, Орде
ИВАНОСКИ, Орде (Прилеп, 6. Ⅷ 1928) – историограф, учесник во НОБ (1944). Основно и прогимназијално образование завршил во Прилеп, средно во Загреб, а Филозофски факултет (Група за историја) во Скопје (1955). Истата година се вработил во Институтот за национална историја како асистент во Одделението за средниот век, за наскоро да премине во Одделението за работничкото… Continue reading ИВАНОСКИ, Орде
ИВЕ
ИВЕ (Заштитници на Северна Грција) – антимакедонска и антикомунистичка грчка организација основана во Солун во 1941 г. од грчки офицери. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во југозападна и централна Егејска Македонија 1941–1944, Скопје, 1989. Ст. Кис.
ИВЕЦ, Мануил
ИВЕЦ, Мануил (XI в.) – македонски благородник од познатата фамилија Ивец, роднина на прочуениот Самуилов војсководец Ивец, војсководец на Петар Делјан. Направил кариера на византискиот дворец, припаѓал на кругот на најдоверливите луѓе на царот Михаил Ⅳ (1034–1041). За време на востанието на Петар Делјан (1040– 1041) им се придружил на востаниците. При крајот на востанието,… Continue reading ИВЕЦ, Мануил
ИВИЌ, Павле
ИВИЌ, Павле (Павле ИвиÊ) (Белград, 1. Ⅻ 1924 – Белград, 19. IX 1999) – српски лингвист, славист, србокроатист, теоретичар на јазикот, историчар на јазикот, дијалектолог, редовен член на САНУ од 1978, член на МАНУ надвор од работниот состав (1986). Основач на српската школа за структурална, функционална лингвистика, автор на модерната класификација и на монографскиот опис… Continue reading ИВИЌ, Павле
ИГ, Кловис
ИГ, Кловис (Цловис Хугуес) (1851– 1907) – истакнат француски поет, политичар и борец. Зел учество во Париската комуна (1871) и станал нејзин член. Соработувал во демократски и социјалистички весници и списанија. Во својата поезија ги истакнувал социјалните неправди и култот кон слободата на народите. Автор е на повеќе книги, меѓу кои се истакнуваат: Денови на… Continue reading ИГ, Кловис
ИГЛОВРВ, БАРГАЛСКИ
ИГЛОВРВ, БАРГАЛСКИ (Алѕссум баргаленсе Мицевски) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Брассицацеае (Цруциферае) (крстоцветни растенија). Откриен од Кирил Мицевски во околината на Штип – клисурата на реката Брегалница, Овче Поле и кај Богословец. Именуван по називот Баргала (старото име на Штип). Се развива на палеогени седименти – лапори. Вл. М.
ИГЛОВРВ, ГЕВГЕЛИСКИ
ИГЛОВРВ, ГЕВГЕЛИСКИ (Алѕссум гевгелиценсис Мицевски) – локален ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Брассицацеае (крстоцветни растенија). Се развива на силикатна геолошка подлога во под-ножјето на планината Кожуф – с. Серменин, с. Негорци и с. Хума. Вл. М.
ИГЛОВРВ, ДЕБАРСКИ
ИГЛОВРВ, ДЕБАРСКИ (Алѕс-сум дебаренсис Мицевски) – ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Брассицацеае (крстоцветни растенија), опишан од Кирил Мицевски. Познат само за околината на Дебар, клисурата на Црн Дрим, кај село Отишани. Вл. М. ИГЛОВРВ, КАВАДАРЕЧКИ
ИГЛОВРВ, СКОПСКИ
ИГЛОВРВ, СКОПСКИ (Алѕссум скопјенсис Мицевски) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Брассицацеае (Цруциферае) (крстоцветни растенија), познат во околината на Скопје (Рашче – Радуша и Скопска Црна Гора). Вл. М.
ИГНАТИЕВ, Николај Павлович
ИГНАТИЕВ, Николај Павлович (С.-Петербург, 29. Ⅰ 1832 – Круподерници, Киевска губернија, 3. Ⅲ 1908) – руски гроф, генерал и дипломат, панславист и претседател на Советот на Санктпетербуршкото словенско благотворно друштво (СПБСБД). Завршил генералштабна академија (1851). Откако стапил во дипломатска служба (1856), престојувал во Бухара и Кина (1857&1860), а потоа бил директор на Азискиот департамент во… Continue reading ИГНАТИЕВ, Николај Павлович
ИГНАТИЈ Ⅱ охридски архиепископ
ИГНАТИЈ Ⅱ – охридски архиепископ (ок. 1676). Јеромонахот Теофан тој го ракоположил за митрополит на Гревена. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник” на Богословски факултет „Свети Климент Охридски”, кн.… Continue reading ИГНАТИЈ Ⅱ охридски архиепископ