ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС

ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС -. македонски ракопис од поч. на ⅩⅠⅠⅠ век. Се чува во библиотеката на РАН во Санкт Петербург, сигн. 24. 4. 25, а спаѓа во збирката на Срезневски. Зачувани се 199 цели пергаментни листови и 19 фрагменти, залепени на хартија. Кодексот е палимпсест, пишуван е врз грчки текст од кој е зачувана и една… Continue reading ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС

ЕВАНС, Артур Џон

ЕВАНС, Артур Џон (Еванс, Артхур Јохн) (Неш Милс, Велика Британија, 8. Ⅶ 1851 – Јоулбери, Велика Британија, 11. Ⅶ 1941) – археолог, втмелувач на истражувањата и проучувањата на критската цивилизација. Дипломирал историја на Универзитетот во Оксфорд (1874). Во 1877 г. бил назначен за специјален известувач од Балканот. Од април до септември 1883 г. патувал низ… Continue reading ЕВАНС, Артур Џон

ЕВЛИЈА Челеби

ЕВЛИЈА Челеби (Евлиѕа Ýбн Дер-вис Мехмед Зилли) (1611 – 1688) – најпознат османлиски патописец. Пропатувал низ Османлиското Царство и го напишал големиот „Патопис” („Сејахатнаме”) со едЕвлија Челеби ноставен стил. Во него се опфатени земјите, краевите, градовите, паланките по кои патувал. Сејахатнамето содржи вкупно 10 големи томови, средувани хронолошки од кои за балканските земји посебно се… Continue reading ЕВЛИЈА Челеби

ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА – доселени Евреи што по разни основи доаѓале уште во Римската Империја. Тука се настанувале и формирале свои општини, а се нарекувале Романиоти. Зборувале на грчки јазик. Такви општини имало во Тесалоника (Солун), Стоби (2 синагоги, од Ⅱ и Ⅳ век), во Лихнидос (Охрид), Хераклеја Линкестис (Битола), во Астибо (Штип) и др.… Continue reading ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ (1923–1932) – културно здружение. Неговата дејност била да организира културни и едукативни активности, да дава поддршка на младинските организации, независно од нивните идејни определби и стремежи. Кога во Скопје била основана филијалата на ЊИЗО (1932) сите членки поминале во ова здружение. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја… Continue reading ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

ЕВРИДИКА

ЕВРИДИКА – 1. Македонска кралица, жена на кралот Аминта Ⅲ (393/2–370/69 г. пр.н.е.); мајка на Филип Ⅱ; ќерка на Сира, владетел на горномакедонските области. 2. Жена на Птолемај Ⅰ Сотер (323– 283 г. пр.н.е.), ќерка на регент-намесникот на Македонија Антипатар и помлада сестра на кралот на Македонија, Касандар. ЛИТ.: Р. Илјовски, Кој и кога владеел… Continue reading ЕВРИДИКА

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ. Едно првенство во слободен стил за сениори е одржано во Скопје (1968), на кое настапиле околу 90 борачи од 18 земји. Репрезентацијата на Југославија ја сочинувале само борачите од Македонија. Најдобро пласираните биле: Борче Димовски и Симеон шутев, а освоиле четврто место, со што се здобиле со право да настапат на… Continue reading ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И Република Македонија– меѓународна правосудна институција основана со Европската конвенција за основните слободи и човекови права (3. XI 1950 – 3. IX 1953). Република Македонијаја потпишува на 9. XI 1995 г., ја ратификува на 10. Ⅳ 1997 г. и на истиот датум стапува во сила. Судот е надлежен за сите… Continue reading ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ (Битола, 1997) – на него учествувале репрезентации од 28 земји со 186 боксери. Македонската репрезентација била составена од 10 боксери: Фа-тон Салиху, освоил златен медал (до 48 кг), Денис Георгиевски (66 кг) и Дарко Чатлески (77 кг) освоиле бронзени медали, Александар Чурлиновски (45 кг), Тунај Кариманов (51 кг), Вулнет… Continue reading ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС – било одржано во Скопје (2006), за сениори – мажи и жени, во дисциплините лактконтакт, лоу-кик и таи-кик бокс, на кое учествувале вкупно 527 боксери, а од Македонија 36. Според освоените медали: И Русија, Ⅱ Србија и Ⅲ Унгарија, а Македонија го зазела Ⅻ место со 6 медали: во лоу-кик боксот… Continue reading ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ (? – 1195/97) – солунски митрополит, византиски црковен и книжевен деец. Митрополит солунски станал во 1175 г. и таму го унапредувал монаштвото. Како книжевен деец ги анимирал античките и ранохристијанските погледи и учења. Ги коментирал „Илијадата” и „Одисејата” од Хомер, комедиите на Аристофан, делата на Пиндар, Духовниот канон на Јоан Дамаскин и др.… Continue reading ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ

ЕВТИМОВ, Александар

ЕВТИМОВ, Александар (Битола, 1874 – Софија, 1939) – учител, публицист, преспански и прилепски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Буф, Леринско, (1895-1896) и раководител на Леринскиот револуционерен округ на ТМОРО, учител во Битола (1899-1900) и член на Месниот комитет и на Окружниот револуционерен комитет на ТМОРО (1900). Преминал во илегалство (1. Ⅳ 1903) и… Continue reading ЕВТИМОВ, Александар

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – дел од Македонија под власта на Грција. По Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) Грција добила 34.356 км² или 51% од македонската територија. Според јазикот што се зборувал во семејството, во Егејскиот дел на Македонија живеел македонскиот народ и национални малцинства (Турци, Евреи, Грци, Власи и Роми). За обезбедување на… Continue reading ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ЕГИПЌАНИ во Република Македонија

ЕГИПЌАНИ во Република Македонија. – припадници на етникум, кој, според општоприфатените категоризации бил вклучен во ромската етничка група. Последниве години ја истакнуваат својата етничка дистинктивност со нагласување на разликите во потеклото и културните особини за да се стекнат со статус на малцинска заедница. ЛИТ.: „Статистички годишник на Република Македонија“, Скопје, 2005. М. Таш.

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА (1915) – дивизија формирана од мобилизирани Македонци од сите делови на Македонија од 20 до 40-годишна возраст. штабот на дивизијата се наоѓал во Софија, а командант бил полковникот Крсто Златарев (ро-ден во Охрид). Формациски се состоела од шест македонски и еден бугарски полк. Имала вкупно 33.745 војници и подофицери… Continue reading ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (Скопје, 26–27. XI 1944) – организација на левите антифашистички сили. Формирањето и развојот на ЕНОФ во Македонија е од пред Втората светска војна и ги собирал антифашистичките сили како противтежа на растечкиот фашизам. Зајакнал по окупацијата на земјата во 1941 г. и во текот на Народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија (1941–… Continue reading ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 10. Ⅰ 1945) – струкова организација на работниците во Македонија. Основана е со цел да се бори за подобрување на работните и животните услови на работниците, за унапредување на нивната социјално-здравствена заштита и за други работнички права. Функционирањето на еднопартискиот политички систем не допуштал синдикална независност, туку синдикатот бил составен… Continue reading ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕДИПОВСКИ, Дургут

ЕДИПОВСКИ, Дургут (Кратово, 17. Ⅹ 1937 – Скопје, 21. Ⅳ 1991) – општественик. Бил член на СКМ (1959). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1961) и работел како референт и советник за градежно занаетчиство во регионалната Стопанска комора на град Скопје (1961-1965). Подоцна бил помошник секретар и заменик секретар на Стопанската комора на Македонија, секретар… Continue reading ЕДИПОВСКИ, Дургут

ЕДНАКВОКРИЛЦИ

ЕДНАКВОКРИЛЦИ (Хомоптера) – инсекти со два пара еднакво градени мембранозни крила, по што го добиле името. Усниот апарат на еднаквокрилците има рилка што ја забодуваат во растенијата и со чијашто помош цицаат рас-Еднаквокрилец тителни сокови. Карактеристично е што во нивното тело, во посебни органи, живеат ситни габички кои имаат важна улога во нивниот метаболизам. Кај… Continue reading ЕДНАКВОКРИЛЦИ

ЕДНОДНЕВКИ

ЕДНОДНЕВКИ (Епхемероптера) – ред најпримитивни инсекти со крилја. Нивните ларви живеат во вода, а возрасните единки не се хранат и живеат многу кратко, по што и го добиле името. Во Македонија досега се регистрирани 63 таксони, од кои 5 се македон-Еднодневка ски ендемити. ЛИТ.: Ц. Г. МцГавин, Инсецтс, Спидерс анд отхер террестриал Артхроподс, Лондон, 2000;… Continue reading ЕДНОДНЕВКИ

ЕДОНИЈА

ЕДОНИЈА – античка област меѓу устието на р. Стримон и р. Неста, населена од Едонци и од Пиеријци, кои, во времето кога се шири македонската држава, се преселуваат од Пиерија (Термајски Залив) во подножјето на пл. Пангај. Оваа област е богата со рудно богатство, дрвена граѓа, стока, жито и риба. Пред освојувањето на Филип ⅡContinue reading ЕДОНИЈА

ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО

ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО – се изведува во рамките на средното и високото образование. школувањето на кадрите со средно образование се изведува во училиштата во Кавадарци, Скопје и во Прилеп, каде што се формираат следните профили: шумарски техничари од општа насока, за пејзажна архитектура, за примарна преработка и за финална обработка на дрвото. Високото образование се… Continue reading ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО