БАБА

БАБА – висока планина во југозападниот дел на Република Македонија со највисок врв Пелистер (2.601 м). Низ повеќефазните тектонски активности, планината е издигната во типичен хорст, помеѓу Пелагониската Котлина на исток и Преспанската на запад. На север со превалот Ѓавато (1.167 м) и Цапарско Поле морфолошки е одвоена од планината Бигла (1.656 м), а на… Continue reading БАБА

БАБА

БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м), е одвоена од планината Бабен (1.220… Continue reading БАБА

БАБА САЧ

БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м), е одвоена од планината Бабен (1.220… Continue reading БАБА САЧ

БАБАМОВ, Васил

БАБАМОВ, Васил (Скопје, 1942) – теориски хемичар и уредник на списанието „Цхемицал Абстрацтс”, Цолумбус, Охајо, САД. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и бил асистент (1968). Докторирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, каде што бил асистент и истражувач (од 1971). Соработник на нобеловецот Р. А. Маркус. Бил постдокторант на Калифорнискиот институт за технологија (Цалифорниа… Continue reading БАБАМОВ, Васил

БАБАМОВ, Лазар

БАБАМОВ, Лазар (Кочани, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 10. IX 1976) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Земјоделски факултет завршил во Земун – Бел-град. Потоа работи како околиски земјоделски референт и управник на расадник во Кочани, Велес и во Гевгелија (1933–1938). По Ослободувањето станува директор и шеф на… Continue reading БАБАМОВ, Лазар

БАБАМОВ, Неофит

БАБАМОВ, Неофит (Офе) (Кочани, 2. Ⅱ 1909 – Кочани, 19. Ⅲ 1994) – синдикален и комунистички деец, борец. Како член на СКОЈ (од 1929) и на КПЈ (од 1938), бил интерниран во логорите Ивањица и потоа во „Танаско Раиќ” во Крагуевац (5. Ⅴ 1940 – 6. Ⅳ 1941). Како раководител на Месниот воен штаб во… Continue reading БАБАМОВ, Неофит

БАБАМОВ, Петар

БАБАМОВ, Петар (Скопје, 13. Ⅵ 1937) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1982 до пензионирањето во 2002) по предметите Технологија на бетонот и Бетонски и армиранобетонски конструкции. Магистрирал во ИЗИИС (1968), бил на студиски престој во САД (1974). Главно е ориентиран кон експериментални истражувања, бил консултант при изградбата на повеќе… Continue reading БАБАМОВ, Петар

БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов

БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов (с. Герман, Леринско, Грција, 5.Ⅶ 1938) – математичар. Дипломирал (1962) во Самарканд, Узбекистан. Ред. проф. на ПМФ од 1998 (асистент од 1967). Магистрирал (1974) на ПМФ во Бел-град, а докторирал (1992) на ПМФ во Скопје со темата Прилог кон нумеричкото решавање на диференцијалните равенки и објавил научни трудови од таа об-ласт. Н.… Continue reading БАБИНКОСТОВ, Вангел Ристов

БАБИЌ-ЃОРЃЕВИЌ, Гордана

БАБИЌ-ЃОРЃЕВИЌ, Гордана (Валево, Србија, 22. Ⅱ 1932 – Бел-град, 25. Ⅻ 1993) – историчар на уметноста, академик. Коавтор на книгата Иконе, каде што ги обработува средновековните икони од Македонија. БИБ.: Иконе на иконостасима у српској уметности, ЗЛУ, 11, Нови Сад. Цв. Гр.

БАБИЌ, Анто

БАБИЌ, Анто (с. Граховац, кај Травник, 3. Ⅰ 1899 – Сараево, 12. Ⅰ 1974) – историчар, редовен член на АНУБИХ и член на МАНУ надвор од работниот состав (од 4. Ⅴ 1972). Завршил Филозофски факултет во Загреб (1923), а потоа бил гимназиски професор во Сараево. Како учесник во НОБ, бил член на Претседателството на ЗАВНОБИХ… Continue reading БАБИЌ, Анто

БАБЛИКА

БАБЛИКА . (вид Сорбус ариа Л., фам. Росацеае) – вид во европскиот ареал, кој во РМ има општа распространетост во високите делови на планините. Мало дрво до 15 м или грмушка со прости, елипсовидни листови, густо, бело до сиво влакнести од долната страна. Цветовите се бели, собра-Баблика плодовите топчести (до 2 цм во дијаметар), жолто-црвеникави,… Continue reading БАБЛИКА

БАБУНА

БАБУНА – река, десна притока на Вардар. Извира на источната страна од планината Јакупица, под врвот Солунска Глава (2.540 м), од силен карстен извор, кој се наоѓа под Нежловските Карпи, на височина од 1.720 м, а се слева во Вардар во Велешката Клисура, на височина од 155 м. Во изворишниот дел најпрво тече во правец… Continue reading БАБУНА

БАБУНА

БАБУНА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Република Македонија , а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната кани во штитовидни соцветија, а Планината Бабуна ко Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е Козјак (1.746 м). На запад БабунаContinue reading БАБУНА

БАБУНА ПЛАНИНА

БАБУНА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Република Македонија , а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната кани во штитовидни соцветија, а Планината Бабуна ко Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е Козјак (1.746 м). На запад БабунаContinue reading БАБУНА ПЛАНИНА

БАБУНА РЕКА

БАБУНА – река, десна притока на Вардар. Извира на источната страна од планината Јакупица, под врвот Солунска Глава (2.540 м), од силен карстен извор, кој се наоѓа под Нежловските Карпи, на височина од 1.720 м, а се слева во Вардар во Велешката Клисура, на височина од 155 м. Во изворишниот дел најпрво тече во правец… Continue reading БАБУНА РЕКА

БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАБУНСКА, Вера Ѓошева (Велес, 21. Ⅲ 1920 – Скопје, 2. XI 1999) – револуционер, учесник во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940). По окупацијата работела со жените од Велес за нивно вклучување во НОД. Во 1942 г. била два пати затворана, а потоа во декември интернирана во… Continue reading БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАГЕРИ, Јован Јосиф

БАГЕРИ, Јован Јосиф (Јован Јосиф Багери) (с. Нистрово, Горна Река, Гостиварско, 1870 – Приштина, 1916) – еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на ⅩⅩ век. Го уредувал списанието „Схљѕпја е схљѕпнис“ во Софија. Во почетокот на ⅩⅩ век активно учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион и пошироко. Како културен и… Continue reading БАГЕРИ, Јован Јосиф

БАГЕСКИ, Никола

БАГЕСКИ, Никола (Прилеп, 15. XI 1924) – епидемиолог. Медицина завршил во Белград (1956), специјализирал епидемиологија (1967) и спортска медицина (1974) во Скопје. Бил началник на Хигиенско–епидемиолошката служба во Прилеп, директор на Заводот за здравствена заштита, управник на ДНЗ и директор на Медицинскиот центар во Прилеп. Звањето примариус го добил во 1979 г. Бил учесник во… Continue reading БАГЕСКИ, Никола

БАГРЕМ

БАГРЕМ .(вид Робиниа псеудоацациа Л., фам. Легуминосае) – еден од првите странски видови (Северна Америка), внесен уште од ⅩⅠⅩ век во Македонија. Дрво до 30 м високо, со топчеста или со овална круна. Листовите сложени непарно перести, со сочнозелени, елипсовидни, прости ливчиња (9–21). При основата на лисната дршка има два, остри, одрвенети трна. Цветовите се… Continue reading БАГРЕМ

БАДЕВ, Атанас

БАДЕВ, Атанас (Прилеп, 14. Ⅰ 1860 – ќустендил, 21. IX 1908) – композитор и музички педагог. Основно училиште завршува во родниот град. школувањето го продложува во Солун, потоа во Бугарија, каде што матурира со одличен успех во Ⅰ.машка гимназија во Софија. Во летниот одмор (1879) формира црковно-училиштен хор во родниот град. По желба на семејството,… Continue reading БАДЕВ, Атанас

БАДЕВ, Илија

БАДЕВ, Илија (Кавадарци 17. Ⅶ 1923 – Скопје, 10. Ⅲ 1997) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во 1945 г. дописник на агенцијата Танјуг. Во наредната година преминува во „Нова Македонија” а од 1950 до пензионирањето во 1985 г. во Радио Скопје и Македонската телевизија, како репортер и коментатор. Носител на Партизанска споменица 1941.… Continue reading БАДЕВ, Илија