ЌАМИЛОВ, Кирил

ЌАМИЛОВ, Кирил (Велес, 22. Ⅱ 1899 – Скопје, 9. Ⅸ 1976) – универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Студирал на универзитетот Сорбона во Париз (1924) и докторирал на темата „Прилог кон проучувањето на детето. Современи теории и методи“ на Универзитетот во Нанси (1936). Учесник во шпан- Кирил ќамилов ската граѓанска војна (1937–1938), потоа и во НОБ во Македонија. Бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата и научен соработник

Прочитај »

ЌАТИБ, ХАСАН

ЌАТИБ, ХАСАН (Битола, ⅩⅤ / ⅩⅤⅠ в.) – османлиски поет родум од Битола. Станал секретар на Синан-паша, големиот везир на султанот Селим И (1512–1520). Пишувал песни во хроностихови, а најзначајна му е песната испеана по повод освојувањето на Бел-град од султанот Сулејман. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век). Редактор д-р Александар Стојановски, Скопје, 1998. Др. Ѓ. ќЕЛИЈНИ УЧИЛИШТА

Прочитај »

ЌОРВЕЗИРОСКА, Оливера

ЌОРВЕЗИРОСКА, Оливера (Куманово, 29. Ⅺ 1965) – раскажувач, романсиер, литературен критичар. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи како уредник во издавачка куќа. Авторка е на прозна белетристика за возрасни и за деца. Употребува раскажувачки постапки блиски до постмодерната теорија за прозата. Како критичар се одликува со култивиран вкус и раскошна интелектуална палета. БИБЛ.: Кифличката Мирна, роман за деца, 1993; Отвораат ли сништата работа?, критика и есеистика, 1999; Страдањата на младиот

Прочитај »

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле

ЌОРВЕЗИРОСКИ, Миле (Прилеп, 18. В. 1928 – Скопје, 22. Ⅵ 2008) – филолог, учебникар, културолог. Гимназиското образование го завршил во Прилеп, а Филозофскиот факултет (Групата за литературите на народите на СФРЈ, со специјалност историја на македонскиот јазик и дијалектологија) во Скопје (1954). Работел како редактор во Радио Скопје (1. Х 1953 – 1. Ⅳ 1954), по што преминал во Издавачкото претпријатие „Просветно дело“, каде што го поминал целиот работен век,

Прочитај »

ЌОСЕВА, Слободанка

ЌОСЕВА, Слободанка (Штип, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Универзитетот МХТИ во Москва (1969), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1989). Имала студиски престои во многу земји на Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969 г., а редовен професор од 2000 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Подрачје: хемија и физичка хемија на полимери, синтеза на полимери и нивно карактеризирање,

Прочитај »

ЌОСЕВСКИ, Владимир

ЌОСЕВСКИ, Владимир (Охрид, 1. Ⅺ 1921) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет на Техничката висока школа во Белград (1953). Проектантската активност ја одвива во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид, во Скопје и во Републичкиот секретаријат за урбанизам при Извршниот совет на РМ. Изработил урбанистички планови за повеќе станбени населби во Скопје, во Охрид и во Битола. Работел и на измените и дополнувањето на Урбанистичкиот план на

Прочитај »

ЌОСТАРОВ, Димитар

ЌОСТАРОВ, Димитар (Ичера, Бугарија, 25. Ⅷ 1912 – Охрид, 14. Ⅲ 1997) – актер, режисер и педагог. Еден од втемелувачите на современото театарско дело во Македонија. Завршил Виша театарска школа во Софија. Во Скопје пристигнува во 1941, како актер на новооснованиот бугарски Народен театар. Брзо потоа се вклучува во илегалната дејност, а подоцна стапува во НОБ. По Војната е прв управник на МНТ, директор на Драмата на МНТ, драмски и

Прочитај »

ЌУКА, Јорго

ЌУКА, Јорго (Крушево, 1947) – инж. технолог, долгогодишен директор на „ОХИС“ – Скопје, стопанственик и општественик. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „ОХИС“ бил од инженер во погон, главен инженер, директор на погон и генерален директор (1987–2008). Бил претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи. Св. Х. Ј.

Прочитај »

ЌУКОВИ

ЌУКОВИ (Отус) – род мали птици со должина на телото до 20 цм и со распон на крилјата до 60 цм, од кои во Македонија се среќава еден вид ќук (Отус сцопс). ќук (Отус сцопс) ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В. Сид.

Прочитај »

ЌУЛАВКОВА, Ката

ЌУЛАВКОВА, Ката (Велес, 11. ⅩⅠⅠ 1951) – поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Заг- Ката ќулавкова реб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература на

Прочитај »

ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов

ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов (Папрадиште, Велешко, јули 1865 – на пат кон Папрадиште, 13. Ⅵ 1940) – член на МНЛД во С.-Петербург и потписник на молбата за регистрација на неговиот Устав. УШТЕ млад работи како градежник во Воден (1892–1893) и во Ⅵ сектор на Отоманската же- Павле ќулафковски лезница во Битола (1894–1896), како мајстор-градежник на пристаништето во Констанца (Романија) (1897–1898), работоводител на изградбата на мостот „Троицки“ во С.-Петербург (Русија) (1898–1899), а

Прочитај »

ЌУРЧИЕВ, Кирил Тодоров

ЌУРЧИЕВ, Кирил Тодоров (Скопје, 14. И 1925) – гинекологакушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1970). Мед. ф. завршил во 1951 г. во Загреб. Специјализирал гинекологија и акушерство (1956) на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје. Хабилитирал на тема „Проблеми на ектипичната бременост“ (1970). Се усовршувал во повеќе центри (Париз, Лондон, Марибор, Љубљана). Тој е во првата генерација стручњаци што оставиле значаен белег во формирањето на Клиниката. З. Џ. ќустек

Прочитај »