ЉВОВ, Андреј Степанович

ЉВОВ, Андреј Степанович (А. С. ЛÏвов,) (Кашмаш, Чувашија, РФ, 5/18. Ⅹ 1905 – Москва, 10. Ⅹ 1979) – руски лингвист, русист и медиевист. Дипломирал на Историско-филолошкиот фак. во Казањ. За студијата „Очерки по лексике пам®тников старослав®нской писÏменности” му се признава степенот д-р по филолошки науки. Љ. го застапува ставот дека говорот на македонските Словени од околината на Солун е основата за стслов. јазик, а македонските говори се самостојни (ниту во

Прочитај »

ЉУБАШ, Владислав

ЉУБАШ, Владислав (Њљадѕсљањ Лубаќ) (Жарновјец, Полска, 5. Ⅵ 1932) – полски лингвист, славист, специјалист во областа на социолингвистиката, ономастиката и лингвостилистиката, д-рх.ц. на Универзитетот во Белград. Во бројни славистички трудови го толкува и македонскиот јазичен материјал. Учествувал на научни собири во Македонија. Објавува во македонски научни списанија. З. Т.

Прочитај »

ЉУБИНКОВИЌ, Радивое

ЉУБИНКОВИЌ, Радивое (шабац, Србија, 31. Ⅰ 1910 – Белград, 22. Ⅹ 1979) – автор на првата монографија за црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново. Во коавторство со М. ќоровиќ, Љубинковиќ ја објавил студијата за средновековното сликарство во Охрид. Ги раководел ископувањата во „Св. Софија” во Охрид, од каде што произлегуваат и неговите истражувачки резултати. Познати се и други негови студии. Се занимавал и со историјата на Охридската архиепископија (Патријаршија) во времето

Прочитај »

ЉУБОЈНО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

ЉУБОЈНО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 1992 –) – друштво на македонски доселеници од Љубојно (Преспанско). Особено активно во помагање на своето село во Македонија, за одржување на верските и комуналните објекти. Организира годишна Мајска средба на љубојнчани од Детроит, Виндзор и од други делови на САД. Сл. Н.-К. Дел од членовите на Иселеничкото друштво „Љубојно” на Свечен собир во црквата „Св. Богородица” во Детроит.

Прочитај »