ГЕОРГИЕВ, Петар

ГЕОРГИЕВ, Петар (Битола, 1880 – с. Цер, Демирхисарско, 11. Ⅳ 1905) – учесник во Илинденското востание. Се школувал во Битолската гимназија. Бил припадник на ТМОРО, по задача ја извршил ликвидацијата над попот Ставре во Битола (18. Ⅷ 1900). Како војвода, учествувал во Илинденското востание. Бил опколен од османлиска војска кај с. Цер (Демирхисарско), каде што… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Петар

ГЕОРГИЕВ, Петар

ГЕОРГИЕВ, Петар Константинов (с. Годлево, Разлошко, 1879 – Годлевска Планина, Разлошко, 16. IX 1903) – учител и револуционер. Завршил егзархиско педагошко училиште во Сер (1899). Учителствувал во Разлог и во разлошките села Елешница и Годлево. Како војвода на чета востаници од с. Годлево, учествувал во Илинденското востание и во борбите кај с. Бачево, Разлошко (14.… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Петар

ГЕОРГИЕВ, Петар Константинов

ГЕОРГИЕВ, Петар Константинов (с. Годлево, Разлошко, 1879 – Годлевска Планина, Разлошко, 16. IX 1903) – учител и револуционер. Завршил егзархиско педагошко училиште во Сер (1899). Учителствувал во Разлог и во разлошките села Елешница и Годлево. Како војвода на чета востаници од с. Годлево, учествувал во Илинденското востание и во борбите кај с. Бачево, Разлошко (14.… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Петар Константинов

ГЕОРГИЕВ, Петре

ГЕОРГИЕВ, Петре (с. Папрадиште, Велешко, 1884/5 – Скопје, Петре Георгиев 30. Ⅹ 1966) – столар, социјалистички деец и новинар. Завршил француско трговско училиште и како столар се вклучил во работничкото движење (1902) во Скопје. Бил еден од основачите на Скопската социјалдемократска организација (1909), библиотекар и секретар на Месниот мешовит синдикат. Како делегат од Скопје, учествувал… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Петре

ГЕОРГИЕВ, Стојан

ГЕОРГИЕВ, Стојан (с. Дабиле, Струмичко, 1870 – с. Коњарево, Струмичко, 13. Ⅹ 1915) – учител, револуционер, раководител во Струмичкиот револуционерен округ. Се школувал во Струмица, Солун и во Софија. Бил главен учител во Струмица, а потоа во Белоградчик. Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица (1895). Учесник во киднапирањето на Назл’м-беј (1897).… Continue reading ГЕОРГИЕВ, Стојан

ГЕОРГИЕВА-ДУЊА, Невена Николова

ГЕОРГИЕВА-ДУЊА, Невена Николова (Скопје, 25. Ⅶ 1925 – с. Нежилово, Велешко, 6. Ⅻ 1942) Невена Георгиева-Дуња – припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). Со своите 16 години, би-ла најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред, формиран во летото на 1941… Continue reading ГЕОРГИЕВА-ДУЊА, Невена Николова

ГЕОРГИЕВА, Вера Минова

ГЕОРГИЕВА, Вера Минова (Скопје, 10. Ⅳ 1950) – историчар на филозофијата, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (филозофија, 1974), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1982), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1991). Како редовен професор на Филозофскиот факултет (2003) ги предава предметите: историја на античката филозофија, историја на средновековната и ренесансната… Continue reading ГЕОРГИЕВА, Вера Минова

ГЕОРГИЕВА, Магдалена Александрова

ГЕОРГИЕВА, Магдалена Александрова (Велес, 16. Ⅵ 1945) – математичар, ред. проф. (1998) на Магдалена Георгиева ПМФ. Дипломирала (1968), станала асистент (1969), магистрирала (1978) и докторирала (1992) на ПМФ со темата „За некои системи за масовно опслужување со неординарен влезен поток”. Публикува трудови од областа на веројатноста и математичката статистика. Била продекан повеќе мандати и декан… Continue reading ГЕОРГИЕВА, Магдалена Александрова

ГЕОРГИЕВСКА, Марина

ГЕОРГИЕВСКА, Марина (Бел-град, 2. XI 1935 – Скопје, 2001) – унив. професор, биолог. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 1954 г. се запишала на студии по биологија на ПМФ во Скопје. Дипломирала во 1959 г., а во 1960 г. е примена како асистент на Зоолошкиот завод на ПМФ во Скопје. Во 1979 г.… Continue reading ГЕОРГИЕВСКА, Марина

ГЕОРГИЕВСКА, Слободанка Стојанова

ГЕОРГИЕВСКА, Слободанка Стојанова (Скопје, 17. XI 1944) – математичар, ред. проф. (1998) на Градежниот факултет. Дипломирала (1968), магистрирала (1976) и докторирала (1992) на ПМФ со темата „Дветочкини контурни проблеми при обичните диференцијални равенки” и публикува статии од таа област. Коавтор е на неколку учебници за студенти. Била продекан на Математичкиот факултет (1982–1884) и на Градежниот… Continue reading ГЕОРГИЕВСКА, Слободанка Стојанова

ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро

ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро (Прилеп, 15. Ⅷ 1910 – Скопје, 30. Ⅳ 1986) – инженер-архитект, комунистички деец, првоборец, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ (1941) дејствувал во НОД во Скопје (19411943), поради што во отсуство бил осуден на смрт. Во НОАВМ бил член на Гш на НОВ… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро

ГЕОРГИЕВСКИ-ЧИЧО, Перо Миланов

ГЕОРГИЕВСКИ-ЧИЧО, Перо Миланов (Куманово, 1918 – кај с. Белаковце, Кумановско, 14. Ⅹ 1944) – шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Завршил занаетчиско училиште Перо ГеоргиевскиЧичо (1932). Како член на СКОЈ (од крајот на 1933) и на КПЈ (1934), бил член на МК на КПЈ во Куманово (1934-1936), член на ПК на СКОЈ за МакедонијаContinue reading ГЕОРГИЕВСКИ-ЧИЧО, Перо Миланов

ГЕОРГИЕВСКИ, Благоја

ГЕОРГИЕВСКИ, Благоја (Скопје, 15. Ⅹ 1950) – правник, кошаркар. Завршил Правен факултет во Скопје (1980). Истакнат кошаркар на КК „Работнички” во Скопје (1967–1984). Младински и сениорски репрезентативец на Југославија, со голем број одиграни натпревари. Освоил 3 златни медали на Балканските првенства – во Риека (1970), Сараево (1972) и Солун (1975); 2 златни на Медитеранските игри… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Благоја

ГЕОРГИЕВСКИ, Владимир

ГЕОРГИЕВСКИ, Владимир (Скопје, 1. Ⅵ 1942) – сликар, сценограф, професор на Архитектонскиот факултет. Дипломирал (1968) и Владимир Георгиевски магистрирал (1970) на Академијата за ликовни уметности во Бел-град. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим. Во сликарството и цртежот ги нагласува експресионистичката и религиозно-метафизичката димензија. Л. Н.

ГЕОРГИЕВСКИ, Љубиша

ГЕОРГИЕВСКИ, Љубиша (Битола, 30. Ⅴ 1937) – режисер, сценарист, драмски автор, есеист, теоретичар, унив. професор по режија и актерска игра (ФДУ), гостинпрофесор на факултетите во Лос Анџелес и во Далас (САД), дипломат (амбасадор во НР Бугарија), политичар (претседателски кандидат); претседател на Собранието на РМ. Дипломирал режија на Академијата за театар, филм и ТВ во Белград.… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Љубиша

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо (Штип, 1966) – писател и политичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за компаративна книжевност) во Скопје. Како основач и лидер на ВМРО-ДПМНЕ (17. Ⅵ 1990 – 25. Ⅴ 2003), беше пратеник во првото плуралистичко Собрание на Република Македонија (1990–1994) и пот-Љупчо Георгиевски претседател на претседателот на Република Македонија Киро Глигоров (1. Ⅱ –… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо

ГЕОРГИЕВСКИ, Михајло

ГЕОРГИЕВСКИ, Михајло (с. Блатец, Виничко, 7. Ⅱ 1940) – книжевен историчар, истражувач на старите ракописи во Македонија. По завршувањето на средното образование, една година бил учител во с. Цера, Кочанско. Како студент во трета година, бил наставник во Гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница. По дипломирањето на Филозофскиот факултет (Група за македонски јазик и литература на… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Михајло

ГЕОРГИЕВСКИ, Никола Сотиров

ГЕОРГИЕВСКИ, Никола Сотиров (Скопје, 15. Ⅻ 1922 – Торонто, 3. Ⅱ 2000) – епидемиолог, спец. по хигиена и социјална медицина, проф. на Мед. ф. во Скопје. Во 1941 г. се запишал на Мед. ф. во Софија, а во 1943 го прекинал студирањето поради учество во НОБ (1944-1945). Дипломирал на Мед. ф. во Загреб (1949), каде… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Никола Сотиров

ГЕОРГИЕВСКИ, Петре

ГЕОРГИЕВСКИ, Петре (с. Долно Дупени, Преспа, 1. Ⅵ 1940) – универзитетски професор, социо-лог. Основно образование завршил во с. Љубојно, а учителска школа во Битола. Дипломирал социологија на Филозофскиот факултет во Белград (1965). Завршил постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1971). Докторирал од областа на социолошките науки на Филозофскиот факултет во… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Петре

ГЕОРГИЕВСКИ, Сашо

ГЕОРГИЕВСКИ, Сашо (Кочани, 8. Ⅹ 1963) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал (1986), магистрирал (1993) и докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Концесиските и сличните договори меѓу државата и странскиот вложувач во меѓународното и внатрешното право, со посебен осврт на правото и практиката на Република Македонија “… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Сашо

ГЕОРГИЕВСКИ, Стефан

ГЕОРГИЕВСКИ, Стефан (Скопје, 2. Ⅰ 1931) – универзитетски професор, правник. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. Правните студии ги започнал во Загреб (1949), а дипломирал на Правниот факултет во Љубљана (1953). Докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Положбата на малолетниците во граѓанско-судската постапка на СФРЈ“ (1965). Избран за доцент по предметот… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Стефан

ГЕОРГИЕВСКИ, Ташко

ГЕОРГИЕВСКИ, Ташко (Кронцелево, Воденско, 15. Ⅲ 1935) – писател, прозен белетрист, романсиер, новинар, хроничар на страдањата на егејските Македонци. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец” и во списанието „Современост”. Бил уредник во Македонската радиотелевизија и во издавачките куќи „Мисла” и „Македонска книга”. Член е на ДПМ од 1957, а на МАНУ од 1983 г.… Continue reading ГЕОРГИЕВСКИ, Ташко

ГЕОРГИОС И

ГЕОРГИОС И (Данска, 1845 – Солун, 1913) – крал на Грција (1863–1913). По потекло Данец, втор син на кралот Кристијан IX. На грчкиот престол дошол со британска поддршка. Се застапувал за остварување на мегали идејата и за територијално проширување на Грција во Македонија, а за тоа ги користел семејните врски со европските кралски дворови. Убиен… Continue reading ГЕОРГИОС И

ГЕОРГОВ, Иван

ГЕОРГОВ, Иван (Велес, 17. Ⅰ 1862 – Софија, 13. Ⅷ 1936) – унив. професор, политичар и преведувач. Високото образование го завршил во Виена и бил професор на Софискиот универзитет, раководител на Катедрата по историја на филозофијата (1888-1934). Бил член на ВМК и на Македонскиот научен институт и претседател на Добротворниот сојуз. Преведувал од француски и… Continue reading ГЕОРГОВ, Иван