ВТОРИ КОСОВСКО-МЕТОХИСКИ БАТАЛЈОН БОРИС ВУКМИРОВИЌ

ВТОРИ КОСОВСКО-МЕТОХИСКИ БАТАЛЈОН „БОРИС ВУКМИРОВИЌ“ . (пл. Дајти, Албанија, 20. IX 1943 – с. Сливово, Охридско, 11. XI 1943). Бил формиран од 140 припадници на НОД од Косово и Метохија и од Македонија ослободени од тиранскиот затвор и од логорот Порто Романо (кај Драч) по капитулацијата на Италија. По десетдневни воени вежби, се упатиле кон… Continue reading ВТОРИ КОСОВСКО-МЕТОХИСКИ БАТАЛЈОН БОРИС ВУКМИРОВИЌ

ВТОРИ КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

ВТОРИ КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (Крушевско, почетокот на јуни 1944 – слободно Крушево, 9. IX 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Одредот нараснал на околу 400 борци (август 1944). Кај с. Дивјаци (Крушевско) ја разоружал бугарската гранична караула и запленил 98 пушки и друго вооружување (2. IX), а по неколку дена го ослободил… Continue reading ВТОРИ КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

ВТОРИ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ

ВТОРИ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ“ . (с. Бајловце, Кумановско, 22. Ⅱ 1944 – с. Жегљане, Кумановско, 26. Ⅱ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, познат и како Прв ударен баталјон. Бил формиран од бројно нараснатиот Први кумановски НО баталјон „Јордан Николов-Орце” на околу 250 борци и новопристигнатите борци од Кумановско. Постоел само… Continue reading ВТОРИ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ

ВТОРИОТ СОЛУНСКИ ОКРУЖЕН КОНГРЕС НА ТМОРО

ВТОРИОТ СОЛУНСКИ ОКРУЖЕН КОНГРЕС НА ТМОРО (Солун, 10–12. Ⅷ 1905) – еден од најзначајните окружни конгреси во периодот од Илинденското востание до Рилскиот општ конгрес на Револуционерната организација. Востанието постави многу сериозни прашања што бараа преиспитување и преоценка на организацијата, целите и односите со соседите и со меѓународните фактори, но и на програмата, стратегијата и… Continue reading ВТОРИОТ СОЛУНСКИ ОКРУЖЕН КОНГРЕС НА ТМОРО

ВУЕВИЌ, Павле

ВУЕВИЌ, Павле (Рума, 22. Ⅷ 1881 – 17. XI 1966) – српски географ. Основно училиште и гимназија завршил во Нови Сад. Физичка географија, геологија и метеорологија студирал во Виена, каде што по дипломирањето ја одбранил докторската дисертација „Тиса – потамолошка студија” (1904). По покана на Јован Цвииќ во 1907 г. доаѓа во Белград, каде што… Continue reading ВУЕВИЌ, Павле

ВУК-ПАВЛОВИЌ, Павао

ВУК-ПАВЛОВИЌ, Павао (Копривница, 9. Ⅱ 1894 – Загреб, 13. XI 1976) – филозоф, естетичар, поет и преведувач, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1958–1971), шеф на Катедрата по филозофија и основач на Естетичката лабораторија при Филозофскиот факултет во Скопје (1959). Еден од најзначајните хрватски филозофи, но и еден од неколкуте најголеми филозофски мислители на… Continue reading ВУК-ПАВЛОВИЌ, Павао

ВУКМАНОВИЌ-ТЕМПО, Светозар

ВУКМАНОВИЌ-ТЕМПО, Светозар (с. Подгор, кај Бар, Црна Гора, 14. Ⅷ 1912 – Режевиќи, Црна Гора, 6. Ⅻ 2001) – правник, комунистички деец, генерал-потполковник, југословенски политичар и државник. Како член на КПЈ (1935) и професионален револуционер, подолго време работел на консолидацијата на организациите на КПЈ во Србија и Македонија (1937-1940). На Петтата Земска конференција на КПЈ… Continue reading ВУКМАНОВИЌ-ТЕМПО, Светозар

ВУКМИРОВИЌ, Никола

ВУКМИРОВИЌ, Никола (с. Метеризи, Риека кај Цетиње, Црна Гора, 5. Ⅴ 1872 – Пеќ, Косово, 21. Ⅷ 1966) – учесник во македонското националноослободителното движење и носител на Илинденска споменица на НРМ, татко на народниот херој од НОАВЈ Боро Вукмировиќ. Како печалбар работел на изградбата на Коринтскиот Канал, во Романија и во Бугарија, каде што активно… Continue reading ВУКМИРОВИЌ, Никола

ВУКОВИЌ, Роко

ВУКОВИЌ, Роко (с. Студенци, Далматинска Загора, 10. Ⅲ 1882 – 1962) – биолог, универзитетски професор. Средно образование завршил во Фрањевачката гимназија во Сињ и шибеник, а факултетско образование во Лувен, Белгија, каде што студирал биолошки науки. Докторирал со дисертацијата „Хетерогена профаза и метафаза при Оенотхера биеннис“ (1912). Во Скопје дошол по покана (1949) и се… Continue reading ВУКОВИЌ, Роко

ВУЛГАРИС, Леонидас

ВУЛГАРИС, Леонидас (1833 – ?) – син на Анастас Вулгарис, кој потекнувал од Пијанец и бил учесник во Грчкото востание. Се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Се школувал во военото училиште во Пиреја. Во времето на Кримската војна се борел на страната на Русите во доброволечката единица Грчка легија.… Continue reading ВУЛГАРИС, Леонидас

ВУЛИЌ, Никола

ВУЛИЌ, Никола (Скадар, 27. XI 1872 – Белград, 25. Ⅴ 1945) – класичен филолог и археолог. Дипломирал класична филологија и историја во Белград (1894), докторирал во Минхен (1896) и до 1938 г. бил професор на Универзитетот во Белград. Член е на САН (1921) и на неколку странски академии и институти. Автор на 550 научни трудови… Continue reading ВУЛИЌ, Никола

ВУЛКАНСКИ КАРПИ

ВУЛКАНСКИ КАРПИ – магматски карпи кои имаат порфирска структура, а текстуртите им се обично масивни или пак флуидални. Во оваа група се издвојувуваат карпите: риолити, трахити, андезити, латити, кварцлатити, базалти и пикрити. На подрачјето на Република Македонија вулкански карпи се појавуваат во раз-Вулканска карпа од Кратово лични геолошки формации и тоа како постари така и… Continue reading ВУЛКАНСКИ КАРПИ

ВУЛКАНСКИ ОБЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВУЛКАНСКИ ОБЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА. На терените на Македонија, интензивна вулканска дејност се вршела во времето на протерозоикот, во јурскиот и терциерниот период. Од протерозоиска старост вулканско-седиментна област претставува метагабро-дијабазен комплекс, наречен и дијабаз-филитоидна формација од рифеј-камбриска старост, кој е распространет на Осоговско-малешевските Планини и Плачковица. Остатоци од една мошне широко распространета јурска вулканска област на… Continue reading ВУЛКАНСКИ ОБЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВУЧИДОЛОВ, Милош

ВУЧИДОЛОВ, Милош (Скопје, 30. Ⅷ 1935) – лекар, унив. професор. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1963) и специјализирал спортска медицина (1977). Работел во Здравствениот дом како лекар и во Заводот за спортска медицина во Скопје (1963–1981). Бил предавач и редовен професор по предметот Хигиена на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981–1998). Докторирал на… Continue reading ВУЧИДОЛОВ, Милош