ШУТУРКОВА, Љубица Данчова (Скопје 4. ⅩⅠⅠ 1959) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф., раководител на Институтот по фарма-Љубица шутуркова цевтска хемија. Декан на Фарм. ф. (1998–2004), а од 2004 проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседател на Фармацевтската комора на Македонија (1999–2000). Има објавено над 60 научни и стручни трудови и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Автор ена едно поглавије во „Фармакотерапискиот прирачник“. Била раководител и учесник на неколку научноистражувачки и стручни проекти. Посебен придонес има за унапредувањето на фармацевтската едукација во земјава. Л. П.-Т. ЦИП – Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 908(497.7)(031)