ШЕНДОВ, Борис

ШЕНДОВ, Борис (Скопје, 6. Ⅱ 1930) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1995 до пензионирањето во 1995 г.) по предмети од областа на фундирањето. На факултетот работел од 1959 г., учествувајќи и во наставата на Архитектонскиот факултет. Бил вклучен во реализацијата на повеќе архитектонски и инженерски објекти. Издал учебник „Темелење“ И и Ⅱ (1985/86). Љ. Т.