ШАКИРИ, Реис

ШАКИРИ, Реис (с. Сопотско, Ресенско, 12. ⅩⅠⅠ 1919 – Скопје, 13. Х 2006) – работник, комунистички деец, борец, општественик и државник. Како член на КПЈ (од 1941), учествувал во формирањето на Преспанско-битолскиот НОПО, а потоа бугарските власти го интернирале во Свети Врач (1942). Бил делегат на АСНОМ. По Ослободувањето бил резервен мајор, секретар на Околискиот комитет на КПМ во Гостивар, член на Претседателството на НФМ и извршувал одговорни должности во ресорот за внатрешни работи (наРеис шакири чалник на Обласното одделение во Битола и Градското одделение во Скопје). Како член на ЦК на СКМ (биран на И, Ⅱ и Ⅲ конгрес на СКМ), бил министер за социјална политика и народно здравје во Владата на НРМ (1948–1950), потпретседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ (1950–1952), член на Извршниот совет на Народното собрание на НРМ (од 1952 и 1957–1967), претседател на Околискиот одбор на ССРНМ во Тетово, потпретседател на Собранието на СРМ, потпретседател на Републичкиот со-вет на ССМ и др., Исто така, бил пратеник во Народното собрание на ФНРЈ (во три свикувања) и во Народното собрание на НРМ и член на Претседателството на Главниот одбор на ССРНМ. С. Мл.