ЏУНОВ, Ристо (с. Ваташа, Кавадаречко, 1. Ⅳ 1919 – Скопје, 23. Ⅱ 2005) – економист, национален деец, првоборец, еден од организаторите на НОБ во Тиквешијата, државник, општественик и дипломат. Завршил гимназија во Горњи Милановац и Крагуевац (Србија), а студирал на Белградскиот универзитет, каде што бил активист на Културно-просветното друштво „Вардар“ и на МАНАПО. Како член на КПЈ (1940), во НОБ бил борец на НОПО „Добри Даскалов“ (мај 1943), раководител на партиската тех-Ристо Џунов ника на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и секретар на Околискиот народен одбор во Кавадарци (1944). По Ослободувањето бил републички и сојузен пратеник, член на Извршниот комитет на ЦК на КПМ, секретар во Владата на НРМ, секретар на Президиумот на Собранието на НРМ (1949-51), потпретседател на Извршниот совет на НРМ, претседател на Задружниот сојуз на Македонија, потпретседател на Задружниот сојуз на Југославија, член на ЦК на СКЈ (1958– 1962) потпретседател на Сојузната конференција на ССРНЈ (1977 –1982), секретар за труд и социјална политика на Сојузниот извршен совет, претседател на СЗБ на НОВЈ, член на Претседателството на ЦК на СКМ и амбасадор на СФРЈ во Кралството шведска (1971–1978). Носител е на Партизанска споменица 1941. ИЗВ.: Тиквешијата во НОВ 1941–1945, кн. шеста, Кавадарци–Неготино, 1984. БИБ.: Тиквешијата во НОВ од 1944 до 1945 година, Тиквешијата во НОВ 1941– 1945, кн. прва, Тиквешијата меѓу двете светски војни, Кавадарци–Неготино, 1983, 11–32; Општинските избори 1920 година, на истото место, 63–72; Обновувањето на КПЈ во Кавадарци и селата и нејзините активности од 1939 до април 1942 година, на истото место, кн. втора, КПЈ–КПМ во Тиквешијата 1939–1945, 57–90. С. Мл.