ЏИПУНОВА, Емилија

ЏИПУНОВА, Емилија (Велес, 30. И 1935) – балерина и балетски критичар. Го завршува Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Апсолвира на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Бале-тот при МНТ (1949–1974). Како солистка се истакнува со својата танцувалност и со сигурна балетска техника. Од 1979 г. е балетски рецензент во Радиото и во печатените медиуми. Автор е на две телевизиски серии за балетската уметност. УЛОГ: Пријателка на Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“), Муза (П. И. Чајковски, „Франческа де Римини“), Колумбина (Л. Делиб, „Копелија“) и др. Т. П. Виолета Џолева