ЏЕМИЕТ

„ЏЕМИЕТ“ („Дружба“) (1919) – политичка организација на муслиманите од Вардарскиот дел на Македонија, Косово и дел од Санџак. Во неа членувале претежно Турци и Албанци за зачувување на нивните верски и национални интереси. Основач и водач бил Неџиб Драга, а по неговата смрт, неговиот брат Ферид Драга. На парламентарните избори (1920) добила 8, во 1923 г. 14, а во 1925 г. не добила ниту еден пратенички мандат. Го поддржала и гласала за Видовденскиот устав. ЛИТ.: Д-р Надежда Цветковска, Политичките партии во парламентарните изборни борби во Вардарскиот дел на Македонија (1919–1929), Скопје, 2004. Н. Цв.